Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Једоарце
Свети Кузман и Дамјан позната и како Свети Врачи — главна селска црква во тетовското село Једоарце. Градена е на постари темели, додека денешниот објект е од 1922 година. Во дворот на црквата се наоѓаат и селските гробишта. Главниот патрон се празнува на 14 ноември на денот на Светите Кузман и Дамјан[1]. Црквата се наоѓа во Втората тетовска парохија.
Св. Кузман и Дамјан
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Втора тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Једоарце |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Кузман и Дамјан |
Изградба | 1922 |
Архитектонски опис |
Настани од 2001
уредиЗа време на конфликтот од 2001 година црквата била цел на повеќе вандалски оштетувања. Најмногу, во повеќе наврати страдал внатрешниот дел. Била палена влезната врата на црквата, а во внатрешноста биле уништени иконостасот, олтарот, иконите, фреските, шанданите, крстовите и други предмети, а била расфрлана и црковната документација.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Архиерејско намесништво Тетово. Посетено на 2011-01-16.
- ↑ „Во Једоарце, пред очите на сопствениците, се уништуваат куќите Качачки банди и натаму ги оштетуваат црквите“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-01-16.
„Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Једоарце“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
уреди- Оштетувања на црквата „Св. Кузман и Дамјан" во Једоарце - детален извештај
- Селото без кучиња го прослави Крстовден во осквернавена црква[мртва врска]
- Једоарчани и џепчиштани четири века на заедничка трпеза[мртва врска]
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |