Фудбалска репрезентација на Турција

Фудбалската репрезентација на Турција ја претставува Турција на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Турција (Türkiye Futbol Federasyonu (TFF)).

 Турција
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалски сојуз на Турција
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторТурција Фатих Терим
КапитенАрда Туран
Најмногу настапиРушту Речбер (120)[1]
Најдобар стрелецХакан Шукур (51)[1][2][3]
ФИФА кодTUR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално18 (ноември 2013)[4]
Највисок5 (јуни 2004)
Најнизок67 (октомври 1993)
Прв меѓународен натпревар
 Турција 2–2 Романија 
(Истанбул, Турција; 26 октомври 1923)[5][6]
Најголема победа
 Турција 7–0 Сирија 
(Анкара, Турција; 20 ноември 1949) Јужна Кореја Јужна Кореја 0–7 Турција 
(Женева, Швајцарија; 20 јуни 1954)
 Турција 7–0 Сан Марино 
(Истанбул, Турција; 10 ноември 1996)
Најлош пораз
 Полска 8–0 Турција 
(Хожов, Полска; 24 април 1948)
 Турција 0–8 Англија 
(Истанбул, Турција; 14 ноември 1984)
 Англија 8–0 Турција 
(Лондон, Англија; 14 октомври 1987
Светско првенство
Учества2 (првпат во 1954)
Најдобар резултат3. место 2002, 2002
Европско првенство
Учества3
Најдобар резултатполуфинале, 2008
Куп на Конфедерации
Учества1 (Прво во 2003)
Најдобар резултат3. место, 2003

Досега, Турција трипати се квалификувала на Светско првенство: 1950, 1954 и 2002. Меѓутоа, пред почетокот на првенството 1950 репрезентацијата морала да се повлече поради финанскиски проблеми. Најдобриот резултат на Светските првенства го оствариле во 2002 во Јапонија и Јужна Кореја освојувајќи го третото место.

На Европските првенства учествувала 3 пати. Најдобриот резултат им е полуфиналето од 2008. Исто така, турската репрезентација има учествувано шест пати на Олимписките игри каде најдобриот резултат го оствариле на игрите во 1948 и 1952 стигајќи до четвртфиналето.

Во 2003 година после откажувањето на Германија, Турција за првпат настапила на Купот на конфедерации и исто како и година дена претходно на Светското првенство го освоила третото место.[7]

Историја

уреди
 
Детал од првиот историски натпревар Турција - Романија 2-2

Својот прв историски натпревар Турција го одиграла на 26 октомври 1923 година против Романија.[8] Првиот официјален натпревар Турција го одиграла на 25 мај 1924 на Олимписките игри против Чехословачка.[9]

Со победата од 7-0 над Сирија, Турција обезбедила учество на Светското првенство 1950, но поради финансиски проблеми го откажала учеството во Бразил. Четири години подоцна Турција повторно се квалификувала за Светско првенство, играјќи бараж против Шпанија. Во првиот натпревар Шпанија победила со резултат 4-1, но во реваншот Турција била подобра со 1-0. Тогашните правила биле такви да ниту една од двете репрезентации не се квалификувала за Светско првенство 1954, па било одлучено со фрлање на паричка. После подобрата среќа во фрлањето на паричката, при извлекувањето на групите Турција немала среќа. Добиле група во која противници им биле Западна Германија, Унгарија и Јужна Кореја. По тогашните правила секоја репрезентација во групата морала да одигра натпревар со две противнички репрезентации. Во таквиот систем Турција воопшто не играла против Унгарија. Својот прв натпревар на Светските првенства Турција го доиграла на 17 јуни 1954 година против Западна Германија. Со пораз од Западна Германија 4-1 и победа против Јужна Кореја со убедливи 7-0 Турција ги завршила својте настапи во групата со два освоени бода колку и Западна Германија поради што овие две репрезентации морале да одиграат бараж за да се одлучи кој ќе помине понатаму. Во баражот Западна Германија ја победила Турција со резултат 7-2. Во 1956 година Турција одиграла Пријателски натпревар против една од тогаш најсилните светски репрезентации, репрезентацијата на Унгарија во Истанбул и победила со 3-1.

Без оглед на уведувањето на државното првенство, и натапите на турските клубови во европските натпреварувања, периодот од 1960 до 1990 година бил разочарувачки за турската репрезентација. Во тој период репрезентацијата ги претрпела својте највисоки порази со 8-0 против Полска и двапати против Англија.

Од почетокот на 90-тите Турција почнала сериозно да вложува во најважната споредн работа на светот, а првите видливи резултати дошле во 1996 со пласманот на Европското првенство во Англија. Таму завршиле со нула бодови и три порази во групата од Хрватска, Португалија и Данска.

Во меѓувреме не успеале да се пласираат на Светското првенство 1998 во Франција, но затоа повторно се квалификувале за првенство на стариот континент играно во Холандија и Белгија во 2000. Таму успеале да ја минат групната фаза завршувајќи како втори во конкуренција на Италија, Шведска и Белгија и да стигнат до четвртфиналето каде биле елиминирани од Португалија.

 
Фудбалската репрезентација на Турција (2016)

На Светското првенство 2002 во Јужна Кореја и Јапонија, Турција го освоила фантастичното трето место. Ја поминале групата во која биле уште Бразил, Костарика и Кина, а потоа ја совладале Јапонија, и Сенегал. Во полуфиналето загубиле од Бразил, а во натпреварот за трето место го победиле домаќинот Јужна Кореја со 3-2.

Во 2008 година стигнале до полуфиналето на Европското првенство во Австрија и Швајцарија. Турската репрезентација најпрво ја минала групата во која се наоѓале неколку силни репрезентации како Португалија, Чешка и Швајцарија, а во четвртфиналето ја елиминирала Хрватска по продолженија. Во полуфиналето биле поразени од Германија.

Хакан Шукур е најдобриот и најпопуларниот играч на сите времиња. Има постигнато речиси 200 гола во турската лига. Вешт и брз со својата висина, беше еден од најдобрите играчи во скок-играта на светот. Постигнал 51 гол за репрезентацијата и неприкосновено го држи рекордот за најдобар стрелец на турската репрезентација.

Настапи на големите турнири

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н З ДГ ПГ ОН П Н З ДГ ПГ
  1930 Не учествувале Не учествувале
  1934 Се повлекле Се повлекле
  1938 Не учествувале Не учествувале
  1950 Се квалификувале но се повлекле 1 1 0 0 7 0
  1954 Групна фаза 9 3 1 0 2 10 11 3 1 1 1 4 6
  1958 Не учествувале Не учествувале
  1962 Не се квалификувале 4 2 0 2 4 4
  1966 6 1 0 5 4 19
  1970 4 0 0 4 2 13
  1974 6 2 2 2 5 3
  1978 6 2 1 3 9 5
  1982 8 0 0 8 1 22
  1986 8 0 1 7 2 24
  1990 8 3 1 4 12 10
  1994 10 3 1 6 11 19
  1998 8 4 2 2 21 9
    2002 Полуфинале 3 7 4 1 2 10 6 12 8 3 1 24 8
  2006 Не се квалификувале 14 7 5 2 27 13
  2010 10 4 3 3 13 10
  2014 10 5 1 4 16 9
  2018 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
  2022
Вкупно 2/20 10 5 1 4 20 17 118 43 21 54 162 174

Настапи на Европските првенства

уреди

Европски првенства
Година Рунда Позиција ОН П Н З ДГ ПГ
  1960 Не се квалификувале
  1964
  1968
  1972
  1976
  1980
  1984
  1988
  1992
  1996 Групна фаза 15-ти 3 0 0 3 0 5
    2000 Четвртфинале 6-ти 4 1 1 2 3 4
  2004 Не се квалификувале
    2008 Полуфинале 3ти-4ти 5 2 1** 2 8 9
    2012 Не се квалификувале
  2016 Квалификувани
Вкупно Полуфинале 3/14 12 3 2 7 11 18

Настапи на Купот на конфедерации

уреди
ФИФА Куп на конфедерации
Година Рунда Позиција ОН П Н З ДГ ПГ Состав
  1992 Не се квалификувале
  1995
  1997
  1999
    2001
  2003 Трето место 3-ти 5 2 1 2 8 8 Состав
  2005 Не се квалификувале
  2009
  2013
Вкупно Трето место 1/9 5 2 1 2 8 8 -

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Волкан Демирел 27 октомври 1981(1981-10-27)(43 г.) 63 0   Фенербахче
12 ГМ Мерт Ѓунок 1 март 1989(1989-03-01)(35 г.) 6 0   Бурсаспор
23 ГМ Волкан Бабакан 11 август 1988(1988-08-11)(36 г.) 10 0   Истанбул Башакшехир
3 ОД Хакан Балта 23 март 1983(1983-03-23)(41 г.) 43 2   Галатасарај
18 ОД Џанер Еркин 4 октомври 1988(1988-10-04)(36 г.) 42 2   Фенербахче
4 ОД Сердар Азиз 23 октомври 1990(1990-10-23)(34 г.) 8 1   Бурсаспор
22 ОД Ерсан Ѓулум 17 мај 1987(1987-05-17)(37 г.) 7 0   Бешикташ
2 ОД Шенер Озбајракли 23 јануари 1990(1990-01-23)(34 г.) 5 0   Фенербахче
13 ОД Емре Ташдемир 8 август 1995(1995-08-08)(29 г.) 2 0   Бурсаспор
10 СР Арда Туран 30 јануари 1987(1987-01-30)(37 г.) 85 14   Барселона (капитен)
15 СР Мехмет Топал 3 март 1986(1986-03-03)(38 г.) 52 0   Фенербахче
8 СР Селчук Инан 10 февруари 1985(1985-02-10)(39 г.) 48 8   Галатасарај
11 СР Гекан Торе 20 јануари 1992(1992-01-20)(32 г.) 26 0   Бешикташ
21 СР Олџај Шахан 26 мај 1987(1987-05-26)(37 г.) 19 2   Бешикташ
16 СР Алпер Потук 8 април 1991(1991-04-08)(33 г.) 11 0   Фенербахче
5 СР Хакан Чалханоглу 8 февруари 1994(1994-02-08)(30 г.) 13 4   Бајер Леверкузен
14 СР Огужан Озјакуп 23 септември 1992(1992-09-23)(32 г.) 13 1   Бешикташ
20 СР Волкан Шен 7 јули 1987(1987-07-07)(37 г.) 12 0   Фенербахче
7 СР Јасин Озтекин 19 март 1987(1987-03-19)(37 г.) 1 0   Галатасарај
6 СР Окај Јокушлу 9 март 1994(1994-03-09)(30 г.) 0 0   Трабзонспор
9 НП Бурак Јилмаз 15 јули 1985(1985-07-15)(39 г.) 42 19   Галатасарај
19 НП Умут Булут 15 март 1983(1983-03-15)(41 г.) 38 10   Галатасарај
19 НП Мевлут Ердинч 25 февруари 1987(1987-02-25)(37 г.) 33 8   Хановер 96
24 НП Џенк Тосун 7 јуни 1991(1991-06-07)(33 г.) 3 0   Бешикташ

Статистика на играчите

уреди

Играчи со најмногу настапи

уреди

Играчите во болд се сè уште активни.[10]

# Име Кариера Настапи Голови
1 Рушту Речбер 1994–2010 120 0
2 Хакан Шукур 1992–2007 112 51
3 Булент Коркмаз 1990–2005 102 3
4 Тугај Керимоглу 1990–2007 94 2
5 Емре Белозоглу 2000- 94 9
6 Алпај Озалан 1995–2005 90 4
7 Арда Туран 2006- 85 15
8 Хамит Алтинтоп 2004- 82 7
9 Тунџај Шанли 2002-2010 80 22
10 Огун Темизканоглу 1990–2002 76 5

Најдобри стрелци

уреди

Играчите кој имаат еднаков број на голови се подредени под хронолошки редослед според времето по кое настапувале. Играчите во болд се сè уште активни.[11]

# Име Кариера Голови Настапи
1 Хакан Шукур 1992–2007
51
112
2 Тунџај Шанли 2003–2010
22
80
3 Лефтер Кучукандонјадис 1948–1963
21
46
4 Метин Октај 1956–1968
19
36
Џемил Туран 1969–1979
19
44
Нихат Кахвечи 2000–2011
19
68
Бурак Јилмаз 2006–
19
42
8 Арда Туран 2006–
15
85
Зеки Риза Спорел 1923–1932
15
16
10 Ертугрул Саглам 1993–1998
11
26
Ариф Ердем 1993–2004
11
60

Селектори

уреди

Последна измена: 8 ноември 2015.[12]

Моментален селектор на Турската репрезентација е Фатих Терим кому ова му е вкупно четврти мандат на селекторската клупа. Во досегашната историја репрезентацијата на Турција ја воделе вкупно 42 селектори и токму Фатих Терим е рекордер по бројот на натпревари на позицијата селектор. Селекторската функција ја обавувал во преку 100 натпревари.

Селектор Од До ВН П Н ИИ ДГ ПГ %
  Али Сами Јен 26. 10. 1923. 26. 10. 1923. 1 0 1 0 2 2 00.0
  Били Хантер 25. 5. 1924. 12. 9. 1926. 12 5 0 7 21 29 41.7
  Бела Тот 17. 7. 1927. 17. 4. 1932. 8 2 1 5 14 24 25.0
  Фред Пањам 22. 4. 1932. 4. 11. 1932. 2 0 0 2 3 7 00.0
  Џејмс Донели 12. 7. 1936. 1. 8. 1937. 3 0 1 2 4 10 00.0
  Игнац Молнар 23. 4. 1948. 30. 5. 1948. 2 1 0 1 3 2 50.0
  Улви Јенал 2. 8. 1948. 5. 8. 1948. 2 1 0 1 5 3 50.0
  Пет Молој 28. 11. 1948. 20. 5. 1949. 5 3 0 2 9 8 60.0
  Џихат Арман 20. 11. 1949. 20. 11. 1949. 1 1 0 0 7 0 100.0
  Пет Молој 28. 5. 1950. 28. 10. 1950. 2 1 0 1 7 6 50.0
  Џими Мекормик 3. 12. 1950. 10. 6. 1951. 2 1 0 1 4 5 50.0
  Реби Еркал 17. 6. 1951. 21. 11. 1951. 3 2 0 1 3 3 66.7
  Садри Усуоглу 1. 6. 1952. 8. 6. 1952. 2 0 1 1 1 5 00.0
  Сандро Пупо 25. 5. 1952. 23. 6. 1954. 9 3 2 4 18 21 33.3
  Гундуз Килич 17. 10. 1954. 17. 10. 1954. 1 0 0 1 1 5 00.0
  Жарко Михајловиќ 3. 4. 1955. 26. 6. 1955. 2 0 2 0 1 1 00.0
  Џовани Варљиен 18. 12. 1955. 01. 05. 1956. 5 2 0 3 8 9 16.7
  Џихат Араман 01. 05. 1956. 25. 11. 1956. 2 0 2 0 2 2 00.0
  Лашло Шекели 5. 4. 1957. 8. 12. 1957. 4 2 1 1 6 4 50.0
  Леандро Ремондини 4. 5. 1958. 10. 5. 1959. 7 3 3 1 6 5 42.9
  Игнац Молнар 8. 6. 1960. 8. 6. 1960. 1 1 0 0 4 2 100.0
  Сандро Пупо 27. 11. 1960. 16. 5. 1962. 10 4 0 6 11 10 40.0
  Шереф Ѓоркеј 10. 10. 1962. 10. 10. 1962. 1 1 0 0 3 0 100.0
  Љубиша Спајиќ 25. 11. 1962. 16. 12. 1962. 4 1 2 1 3 7 25.0
  Сандро Пупо 27. 3. 1963. 9. 10. 1964. 4 0 2 2 0 4 00.0
  Џихат Арман 27. 9. 1964. 20. 12. 1964. 3 1 1 1 6 4 33.3
  Сандро Пупо 24. 1. 1965. 9. 5. 1965. 4 0 0 4 2 13 00.0
  Доган Андач 21. 7. 1965. 25. 7. 1965. 2 1 1 0 3 1 50.0
  Сандро Пупо 9. 10. 1965. 30. 5. 1966. 5 1 2 2 3 10 20.0
  Аднан Сувари 12. 10. 1966. 17. 1. 1969. 17 5 4 8 16 32 29.4
  Абдула Гегиќ 30. 4. 1969. 16. 11. 1969. 6 3 0 3 13 11 50.0
  Џихат Арман 17. 10. 1970. 14. 11. 1971. 6 1 1 4 4 17 16.7
  Николае Петреску 5. 12. 1971. 5. 12. 1971. 1 1 0 0 1 0 100.0
  Чошкун Озари 12. 4. 1972. 31. 10. 1976. 29 8 11 10 38 43 27.6
  Доган Андач 17. 11. 1976. 17. 11. 1976. 1 0 1 0 1 1 00.0
  Метин Турел 16. 2. 1977. 5. 10. 1978. 13 2 1 10 11 22 15.4
  Сабри Кираз 29. 11. 1978. 15. 10. 1980. 12 5 1 6 13 15 41.7
  Озкан Сумер 3. 12. 1980. 25. 3. 1981. 2 0 0 2 0 3 00.0
  Фетхи Демирџан 15. 4. 1981. 7. 10. 1981. 4 0 0 4 0 12 00.0
  Чошкун Озари 22. 9. 1982. 4. 4. 1984. 17 5 2 10 15 36 29.4
  Џандан Тархан 6. 9. 1984. 14. 11. 1984. 5 1 1 3 3 13 20.0
  Јилмаз Ѓокдел 22. 12. 1984. 3. 4. 1985. 3 1 1 1 1 3 33.3
  Калман Мешоли 1. 5. 1985. 28. 8. 1985. 2 0 1 1 0 2 00.0
  Чошкун Озари 11. 9. 1985. 12. 11. 1986. 8 1 3 4 3 14 12.5
  Мустафа Денизли 4. 3. 1987. 16. 12. 1987. 6 1 1 4 6 16 16.7
  Тиназ Тирпан 16. 3. 1988. 15. 11. 1989. 11 5 1 5 16 12 45.5
  Фатих Терим 11. 4. 1990. 11. 4. 1990. 1 0 0 1 0 1 00.0
  Сеп Пионтек 27. 5. 1990. 28. 4. 1993. 27 4 8 15 22 50 14.8
  Фатих Терим 27. 10. 1993. 19. 6. 1996. 33 17 8 8 47 36 51.5
  Мустафа Денизли 14. 8. 1996. 24. 6. 2000. 31 11 9 11 45 38 35.5
  Шенол Ѓунеш 16. 8. 2000. 18. 2. 2004. 50 23 13 14 72 50 46.0
  Унал Караман 31. 3. 2004. 31. 3. 2004. 1 0 1 0 2 2 00.0
  Ерсун Јанал 28. 4. 2004. 8. 6. 2005. 15 8 4 3 29 14 53.3
  Фатих Терим 17. 8. 2005. 14. 10. 2009. 58 26 18 14 86 71 39.7
  Огуз Четин 3. 3. 2010. 29. 5. 2010. 4 3 0 1 7 3 75.0
  Гус Хидинк 1. 8. 2010. 15. 11. 2011. 16 7 4 5 18 15 43.7
  Абдула Авчи 17. 11. 2011. 20. 08. 2013. 18 6 4 8 26 26 33.3
  Фатих Терим 22. 08. 2013. 11 9 0 2 22 7 81.8
Вкупно 26. 10. 1923. 2. 9. 2014. 517 190 120 207 677 767 36.75%

Дресови низ историјата

уреди
 
 
 
 
 
Класичен домашен дрес
 
 
 
 
 
 
 
 
1996-1997 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
1996-1997 Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
 
1998-2000 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
1998-2000 Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2000-2001 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2000-2001 Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
2002-2003 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
2002-2003 Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
2003 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
2003 Гостински
 
 
 
 
 
 
 
 
2004-2005 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
2004-2005 Гостински
 
 
фinco
 
 
 
2006-2007 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
2006-2007 Гостински
 
 
 
 
 
2008-2009 Домашен
 
 
 
 
 
2008 Гостински
 
 
 
 
 
2009 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2010-2011 Домашен
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2010-2011 Гостински

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди