1148
|
Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
|
1534
|
Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
|
1715
|
Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
|
1823
|
Укинато е ропството во Чиле.
|
1908
|
Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
|
1923
|
Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
|
1946
|
Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
|
1974
|
По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
|
2002
|
Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
|
2014
|
Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
|
2019
|
Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј.
|