Фудбалска репрезентација на Чешка

Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.

 Чешка
Грб на фудбалскиот сојуз
СојузФудбалска асоцијација на Чешка (FAČR)
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторЧешка Јарослав Шилхави
КапитенВладимир Дарида
Најмногу настапиПетр Чех (124)
Најдобар стрелецЈан Колер (55)[1][2]
ФИФА кодCZE
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално45 (9 април 2020)[3]
Највисок2 (септември 1999, јануари-мај 2000, април — мај 2005, јануари-мај 2006)
Најнизок47 (март 1994)
Прв меѓународен натпревар
 Унгарија 2 — 1 Бохемија
(Будимпешта, Унгарија; 5 април 1903)
како Чешка
 Турција 1 — 4 Чешка 
(Истанбул, Турција; 23 февруари 1994)[4][5]
Најголема победа
 Чешка 8 — 1 Андора 
(Либерец, Чешка; 4 јуни 2005)[4][5]
Најлош пораз
 Англија 5 — 0 Чешка 
(Лондон, Англија; 22 март 2019)[4][5]
Светско првенство
Учества9 (првпат во 2006)
Најдобар резултатПрва фаза 2006
Европско првенство
Учества7 (првпат во 1996)
Најдобар резултатВицешампион, 1996

Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.

Историја

уреди

Својот прв официјален натпревар Чешка го одиграла на 23 февруари 1994 година против Турција во Истанбул и победила со 4-2.[4] Својот прв натпревар на домашен терен Чешка го одиграла против Литванија во Острава и победила со резултат 5-3.

Првите официјални натпревари репрезентацијата ги забележила во квалификациите за Европското првенство 1996. Во својот прв квалификациски циклус Чешка остварила шест победи, три нерешени исходи и еден пораз. Единстваениот пораз во квалификациите Чешка го доживеала од Луксембург, но на крајот успеала да заврши на првото место во групата пред фаворизираната Холандија. На Европското првенство во Англија, Чешка била во група со Германија, Италија и Русија. Во првиот натпревар на турнирот тие биле поразени од Германија со 2-0. Во вториот натпревар Чешка ја победила Италија со 2-1, со головите на Павел Недвед и Радек Бејбл. Во последниот натпревар од групната фаза и одлучувачки за пласман во четвртфиналето Чешка играла против Русија. На полувремето Чешка водела со 2-0 со головите на Јан Сухопарек и Павел Кука, но во второто полувреме Русија постигнала дури три гола и повела со 2-3, за сепак преку Владимир Шмицер Чешка да стигне до реми кое се испоставило доволно за пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Чешка се сретнала со Португалија и изборила победа со 1-0 која ја одвела во полуфиналето. Стрелец на единствениот гол во натпреварот бил Карел Поборски на почетокот на второто полувреме. Противник на Чешка во полуфиналето одиграно во Манчестер била Франција. Откако по регуларното време и продолженија немало голови, натпреварот стигнал до изведување на пенали како би се одредил првиот патник во финалето. Откако првите 10 пенали биле прецизно изведени, во шестата серија Рејналд Педрос промашил за Франција (одбранил голманот на Чешка Петр Коуба) по што Мирослав Кадлец бил прецизен и ја одвел Чешка во финалето. Во финалето против Германија, Чешка прва дошла во водство со голот на Патрик Бергер во 59-тата минута од пенал, меѓутоа Германија со двата гола на Оливер Бирхоф, прво во 73-тата минута а потоа и златниот гол во 5-тата минута од првото продолжение дошла до победа и го освоила Европското првенство. Со настапот во финалето Чешка го остварила својот најголем успех до денес во историјата на Европските првенства.

Последни квалификациски циклуси

уреди
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.   Германија 10 10 0 0 43 4 +39 30
2.   Северна Ирска 10 6 1 3 17 6 +11 19
3.   Чешка 10 4 3 3 17 10 +7 15
4.   Норвешка 10 4 1 5 17 16 +1 13
5.   Азербејџан 10 3 1 6 10 19 −9 10
6.   Сан Марино 10 0 0 10 2 51 −49 0
             
Германија   2–0 3–0 6–0 5–1 7–0
Северна Ирска   1–3 2–0 2–0 4–0 4–0
Чешка   1–2 0–0 2–1 0–0 5–0
Норвешка   0–3 1–0 1–1 2–0 4–1
Азербејџан   1–4 0–1 1–2 1–0 5–1
Сан Марино   0–8 0–3 0–6 0–8 0–1
Поз. Екипа ОН П Н И ДГ ПГ ГР Б
1.   Англија 8 7 0 1 37 6 +31 21
2.   Чешка 8 5 0 3 13 11 +2 15
3.   Косово 8 3 2 3 13 16 -3 11
4.   Бугарија 8 1 3 4 4 6 -2 6
5.   Црна Гора 8 0 3 5 3 22 -19 3
           
Англија   5-0 5-3 4-0 7-0
Чешка   2-1 2-1 2-1 3-0
Косово   0-4 2-1 1-1 2-0
Бугарија   0-6 1-0 2-3 1-1
Црна Гора   1-5 0-3 1-1 0-0

Настапи на турнирите

уреди

Настапи на Светските првенства

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ ОН П Н И ДГ ПГ
1930-1994 Учествувале во состав на Чехословачка
  1998 Не се квалификувале 10 5 1 4 16 6
    2002 12 6 2 4 20 10
  2006 Групна фаза 20. 3 1 0 2 3 4 14 11 0 3 37 12
  2010 Не се квалификувале 10 4 4 2 17 6
  2014 10 4 3 3 13 9
  2018 10 4 3 3 17 10
  2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 1/5 3 1 0 2 3 4 56 30 10 16 103 43

Настапи на Европските првенства

уреди


Европско првенство Квалификации
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
19601992 Учествувале во состав на Чехословачка Учествувале во состав на Чехословачка
  1996 Финале 2. 6 2 2 2 7 8 Состав 10 6 3 1 21 6 [6]
    2000 Групна фаза 10. 3 1 0 2 3 3 Состав 10 10 0 0 26 5 [7]
  2004 Полуфинале 3. 5 4 0 1 10 5 Состав 8 7 1 0 23 5 [8]
    2008 Групна фаза 11. 3 1 0 2 4 6 Состав 12 9 2 1 27 5 [9]
    2012 Четвртфинале 6. 4 2 0 2 4 6 Состав 10 6 1 3 15 8 [10]
  2016 Групна фаза 21. 3 0 1 2 2 5 Состав 10 7 1 2 19 14 [11]
  2020 Се квалификувале 8 5 0 3 13 11
В К У П Н О 6/6 24 10 3 11 30 33 68 50 8 10 144 54 [12]


Настапи на ФИФА Купот на конфедерации

уреди
ФИФА Куп на конфедерации
Година Рунда Позиција ОН П Н И ДГ ПГ
  1992 Не се квалификувале
  1995
  1997 Трето место 3-то 5 2 1 2 10 7
  1999 Не се квалификувале
    2001
  2003
  2005
  2009
  2013
  2017
Вкупно Трето место 1/10 5 2 1 2 10 7

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Томаш Вацлик 29 март 1989(1989-03-29)(35 г.) 29 0     Олимпијакос
16 ГМ Јиндржих Станјек 27 април 1996(1996-04-27)(28 г.) 2 0     Викторија Плзењ
23 ГМ Јиржи Павленка 14 април 1992(1992-04-14)(32 г.) 11 0     Вердер Бремен
2 ОД Павел Кадержабек 25 април 1992(1992-04-25)(32 г.) 42 3     Хофенхајм
3 ОД Ондржеј Челустка 18 јуни 1989(1989-06-18)(35 г.) 18 2     Анталијаспор
4 ОД Јакуб Брабец 6 август 1992(1992-08-06)(32 г.) 17 1     Викторија Плзењ
5 ОД Теодор Гебре Селасие 24 декември 1986(1986-12-24)(37 г.) 54 3     Вердер Бремен
6 ОД Томаш Калас 22 мај 1993(1993-05-22)(31 г.) 19 2     Бристол Сити
17 ОД Ондржеј Кудела 26 март 1987(1987-03-26)(37 г.) 3 0     Славија Прага
18 ОД Марек Сухи 29 март 1988(1988-03-29)(36 г.) 44 1     Аугсбург
22 ОД Филип Новак 26 јуни 1990(1990-06-26)(34 г.) 23 1     Трабзонспор
7 СР Ладислав Крејчи 5 јули 1992(1992-07-05)(32 г.) 41 5     Болоња
8 СР Владимир Дарида   8 август 1990(1990-08-08)(34 г.) 61 6     Херта Берлин
10 СР Јозеф Хушбауер 16 март 1990(1990-03-16)(34 г.) 21 1     Динамо Дрезден
12 СР Лукаш Масопуст 12 февруари 1993(1993-02-12)(31 г.) 11 1     Славија Прага
14 СР Јакуб Јанкто 19 јануари 1996(1996-01-19)(28 г.) 26 3     Сампдорија
15 СР Томаш Соучек 27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.) 25 3     Вест Хем Јунајтед
21 СР Алекс Крал 19 мај 1998(1998-05-19)(26 г.) 9 2     Спартак Москва
9 НП Патрик Шик 24 јануари 1996(1996-01-24)(28 г.) 22 9     РБ Лајпциг
11 НП Михаел Крменчик 15 март 1993(1993-03-15)(31 г.) 23 8     Клуб Бриж
19 НП Зденек Ондрашек 22 декември 1988(1988-12-22)(35 г.) 4 1     Далас
20 НП Матеј Видра 1 мај 1992(1992-05-01)(32 г.) 26 5     Барнли

Статистика на играчите

уреди
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

уреди

Последна промена 14 април 2020.

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Петр Чех 2002–2016 124 0 голман
2 Карел Поборски 1994–2006 112 5 среден ред
3 Томаш Росицки 2000–2016 105 23 среден ред
4 Јарослав Плашил 2004–2016 103 7 среден ред
5 Милан Барош 2001–2012 93 41 напаѓач
6 Јан Колер 1999–2009 91 55 напаѓач
Павел Недвед 1994–2006 91 18 среден ред
8 Владимир Шмицер 1993–2005 81 27 среден ред
9 Томаш Ујфалуши 2001–2009 78 2 одбрана
10 Марек Јанкуловски 2000–2009 77 11 одбрана

Играчи со најмногу постигнати голови

уреди

Последна промена 14 април 2020.

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Јан Колер 1999–2009 55 91 напаѓач
2 Милан Барош 2001–2012 41 93 напаѓач
3 Владимир Шмицер 1993–2005 27 81 среден ред
4 Томаш Росицки 2000–2016 23 105 среден ред
5 Павел Кука 1994–2001 22 63 напаѓач
6 Патрик Бергер 1994–2001 18 44 среден ред
Павел Недвед 1994–2006 18 91 среден ред
8 Вратислав Локвенц 1995–2006 14 74 напаѓач
9 Томаш Нецид 2008– 12 42 напаѓач
10 Марек Јанкуловски 2000–2009 11 77 одбрана

Селектори

уреди

Наводи

уреди
  1. Jan Koller - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 14 април 2020.
  2. Jan Koller, fotbal.cz Архивирано на 14 април 2020.; пристапено: 14 април 2020.
  3. „Ранг-список на ФИФА“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-15. Посетено на 25 јануари 2018.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Czech Republic - List of International Matches, rsssf.com; пристапено: 25 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 5,2 Statistiky reprezentace - všechna utkání, fotbal.cz Архивирано на 13 април 2014.; пристапено: 25 октомври 2014.
  6. „Квалификации за ЕП 1996“. Посетено на 12 мај 2015.
  7. „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  8. „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  9. „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  10. „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 12 мај 2015.
  11. „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.
  12. „Czech Republic team profile“. UEFA.com. Посетено на 15 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди