Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Сетоле
Рождество на Пресвета Богородица — главната селска црква во тетовското село Сетоле. Спаѓа во Втората тетовска парохија и е изградена во 1862 година на темели од постар објект. Некои од иконите се дело на Дичо Зограф[1]. Главниот патрон на црквата се прославува на Мала Богородица на 21 септември[2].
Рождество на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Тетовско |
Парохија | Втора тетовска |
Местоположба | |
---|---|
Место | Сетоле |
Општина | Тетово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица |
Изградба | 1862 |
Архитектонски опис |
Настани од 2001
уредиЦрквата „Св. Богородица“, како и повеќе цркви во тетовско за време на воениот конфликт во 2001 не била поштедена. Таа прво била насилно отворена, осквернавена, ограбена и демолирана. Оштетувања коишто биле направени во овој сакрален објект едно време го направиле неупотреблив. По завршетокот на кризата во 2001, црквата била обновена, додека тетовскиот резбар Будимир Апостолски го реставрирал стариот иконостас[3].
Наводи
уреди- ↑ „Оштетени се речиси сите цркви во тетовските села“. Дневник. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 2011-01-17.
- ↑ Булески, Јован (21 септември 2010). „По повод одбележувањето на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во тетовското село Сетоле се одржа голем црковно народен собир“. Кисс Тв. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 2011-01-17.
- ↑ „Резбите на Будимир Апостолски го освојуваат светот“. Утрински Весник. Посетено на 2011-01-17.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Cлавењето на Mала Богородица - Сетоле - видео репортажа од 2007
- Оштетувања на црквата "Света Богородица" во село Сетоле - детален извештај
Оваа статија црква во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |