Хокеј федерација на Македонија
Хокејот на мраз во Македонија е донесен во 50-тите години на минатиот век од страна на Македонци кои студирале, работеле или живееле во тогашната Чехословачка. Сè до 1969 год. кога Скопје ја доби организацијата на Светското првенство во хокеј на мраз за Ц група, натпреварите на тогашната екипа ХК Скопје се одигрувале на лизгалиштето Ташмајдан во Белград.
Назив | Хокеј федерација на Македонија |
---|---|
Членка на МХФ од | 4 октомври 2001 |
Претседател | Никола Тасев |
www.hokej.mk |
Историјат
уредиПо одржувањето на Светското првенство, во 1970 се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб којшто се натпреваруваше во втората хокеарска лига исто како и сениорската екипа. Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони (Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Цеље.
Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига. За жал, заради административна грешка со членските книшки, ХК Вардар беше дисквалификуван и не стана член на првата хокеарска лига. Тоа што не му успеа на ХК Вардар, му успеа на ХК Скопје. Во периодот од 1987-1989 година таа екипа играше во првата лига, сè до 1992. Од 1992 па сè до 1999 година беше период на иницијатива хокеарската федерација на Македонија на неколку вљубеници на хокејот се направи основачко собрание во просториите на градскиот сојуз на спортови, се избра претседател ( Никола Тасев ) и продолжи традицијата. Во 2006 година конечно федерацијата застана на цврсти нозе и почна да собира млади вљубеници на лизгалиштето на Кале. Федерацијата активно соработува со основните училишта каде е базата за млади хокеари.
Репрезентација
уредиХокеарската репрезентација на Македонија паралелно со хокејот на мраз вежба и ИНЛАЈН хокеј, после зимската сезона. И мината година во месец јуни Македонија за првпат учествуваше на квалификации за Светско првенство во Софија, каде што не успеа да се квалификува, првенствено заради недостаток на искуство. Оваа година се одиграа неколку натпревари во хокеј на мраз со екипите на Босна од Сараево, Ираклис од Солун. Македонската репрезентација во инлајн-хокеј (хокеј на ролерки) ќе земе учество на квалификациите за претстојното Светското првенство, кое ќе се одржи во 2014 година во Пардубице, Чешка. Квалификацискиот турнир кој на нашите хокеари може да им обезбеди место на СП 2014 се одржува во Пасау, Германија во периодот од 9. до 11. август. Нашата репрезентација е главно составена од играчи кои настапуваат на домашниот терен, но оваа година за првпат на помош доаѓа и играч од нашата дијаспора. Станува збор за 16-годишниот Самуел Наумовски од Шведска, за кого, од нашата репрезентација велат дека поседува исклучителни вештини и талент. Победникот од квалификациите во Германија ќе обезбеди учество во Б дивизија на Светското првенство кое ќе се игра следната година во Чешка и ќе биде дел од групата Д заедно со Австрија, Јапонија и Унгарија. Кога сме кај репрезентацијата веќе интезивно се работи на тоа да се стапи во контакт со доста играчи од Европа кои имаат македонски корени и кој се спремни веднаш да играат за нашата.
Клубови Екипи
уреди- ХК Металург: Македонската спортска јавност во Хокеарскиот клуб Металург добива причина плус да го следи хокеарскиот спорт и да навива за домашен македонски тим. Тимот во моментов располага со играчи од Македонија, Грција, Словенија, Соединетите Американски Држави и Турција. Момци со многу одиграни натпревари во својата кариера, вистински професионалци и големи љубители на хокејот.
- ХК Вардар: Во 1970 се формираше ХК Вардар и почна со собирање и селектирање на младинци кои требаше да ги наследат старите хокеари. Така се формира младински клуб којшто се натпреваруваше во втората хокеарска лига исто како и сениорската екипа. Младинците бргу напредуваа во учењето на хокеарските вештини и во раните 80-ти години еднаш беа вицешампиони ( Крањска Гора беше првак), а наредната година беа трети и во борбата за трето место ја победија екипата на Цеље. Сениорската екипа на ХК Вардар во 1986 година стана првак на Втората лига и автоматски се квалификуваше во Првата лига.
- ХК Сқопје
- ХК Атлетика Сонце Интернационал
Македонска хокеарска лига
уредиПо заложбите на директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, развојот на хокејот во Македонија се смета за задоволителен, развивајќи ја мрежата и напорите за создавање на Македонска хокеарска лига.
На првото Државно првенство учествувале четири екипи, три македонски (Вардар, Металург и Фаворит Кико, како и екипата на Ред Стар од Бугарија, со други регионални глубови во иднина, според моделот на функционирање на другите држави во поширокиот регион поради ограничениот број на хокеарски екипи.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Хокеј федерација на Македонија Архивирано на 5 октомври 2013 г.