Ријад
Ријад (арапски: الرياض / Ar Riyāẓ) е главниот град на Саудиска Арабија. Воедно, Ријад е најголем град во државата, како и главен град на покраината Ријад. Ријад е дел од историските региони Наџд и Јамама. Градот се наоѓа во центарот на Арапскиот Полуостров и тој е дом на околу 5,254,560 жители. Метрополитенската област Ријад има население од околу 7 милиони жители. Градот е поделен на 15 општински окрузи кои се под капата на општина Ријад и градоначалникот и гувернерот.
Ријад الرياض Ar Riyāẓ | ||
---|---|---|
Поглед кон градот | ||
Местоположба на Ријад | ||
Координати: 24°38′N 46°43′E / 24.633° СГШ; 46.717° ИГД | ||
Држава | Саудиска Арабија | |
Покраина | Ријад | |
Управа | ||
• Градоначалник | Абдул Азиз ибн Ајаф ал Мигрин | |
• Покраински емир | Принц Салман бин Абдул Азиз | |
Површина | ||
• Градска | 1.000 км2 (400 ми2) | |
• Метро | 1.815 км2 (701 ми2) | |
Население (2010) | ||
• Градско | 5.254.560 | |
• Густина | 3.024/км2 (7.833/ми2) | |
• Метро | 6.800.000 | |
проценка | ||
Час. појас | EAT (UTC+3) | |
• Лето (ЛСВ) | EAT (UTC+3) | |
Поштенски код | (5 бројки) | |
Повик. бр. | +966-1 | |
Мреж. место | www.arriyadh.com |
Градот лежи во „централниот коридор“ на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Харџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирано поголемо население се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив.
Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 км цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за отсолување на Персискиот Залив до градот.
Потекло на поимот
уредиИмето „Ријад“ потекнува од арапскиот збор الرياض и значи „градини“.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Ријад“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 27 јануари 2009 г.
- Карта на Ријад Архивирано на 11 ноември 2012 г.
- Храна во Ријад Архивирано на 2 ноември 2011 г.
- Хотели во Ријад
- Неофицијален туристички водич за градот
- Директориум за Ријад Архивирано на 16 декември 2008 г.
- Фотографии и историја на Ријад Архивирано на 11 мај 2000 г.
- Патување во покраината Ријад
Оваа статија географијата на Саудиска Арабија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |