Артим Шаќири

македонски фудбалер

Артим Шаќири (албански: Artim Shaqiri; р. 23 септември 1973) — поранешен македонски фудбалер, играч од средниот ред и македонски репрезентативец, кој последно настапил за ФК Карабаг во Азербејџан во 2009 година. Тој е роден во Струга, но неговото семејство потекнува од селото Ливада каде што Артим израснал.

Артим Шакири
Лични податоци
Полно име Артим Шакири
Роден на 23 септември 1973(1973-09-23)(51 г.)
Роден во Струга, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1,77 м
Позиција играч од среден ред
Младинска кариера
ФК Динамо Ливада
ФК Караорман
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
0000–1994 ФК Караорман
1994–2000 ФК Вардар 87 (21)
1997–1998Халмстадс БК (позајмен) 43 (8)
2000Тенис Борусија Берлин (позајмен) 14 (0)
2000–2001 НД Горица 19 (3)
2000–2001 НК Коротан 2 (2)
2001–2002 Малатјаспорт 23 (3)
2002–2003 ЦСКА Софија 20 (5)
2003–2005 Вест Бромвич Албион 28 (1)
2005–2006 Олборг 12 (3)
2006 ФК Интер Турку 5 (3)
2007 ФК Вадуц 10 (0)
2007 Шкендија 25 (7)
2008 Беса Каваја 8 (1)
2008–2009 Карабаг 22 (7)
Вкупно 318 (64)
Репрезентација
1996–2006 Македонија 72 (15)
Тренер на екипи
2012–2013 Шкендија
2014–2015 ФК Кукеши

Има богата клупска историја, а после пензионирањето продолжува да работи како тренер. Шаќири е највеќе познат по голот кој го постигна од корнер против Англија, натпревар во кој Македонија ремизираше на гости 2:2 против силниот противник. Тогаш беше совладан англискиот голман Дејвид Симан, при што се прослави Артим, па после тоа и доби шанса да заигра за премиерлигашот Вест Бромвич Албион.

Надворешни врски

уреди
Спортски позиции
Претходник
Тони Мицевски
Капетан на Македонија
2002–2005
Наследник
Гоце Седлоски