Единствена Опција

Единствена Опција е рап група составена од двајца рап изведувачи Дејан Јанушев (Скит Скитара) и Марко Маринковиќ (Слаткаристика). Групата е активна од 2001 година и во седумгодишната работа, зад себе имаат оставено еден албум - Рап Тврдина,[1] три видео спотови и многу бројни настапи во Македонија и околните држави.[2][3] Нивни позначајни настапи биле како предгрупа на AfuRa (Македонија – 2006 г.) и настап на фестивалот Exit како најмлади изведувачи (Србија – 2006). Моментално работат на својот втор албум.

Наводи уреди

  1. „Единствена опција“ на свирка во Тетово[мртва врска]; преземено од Утрински Весник (09.09.2007, 15:05)
  2. "Единствена опција" на "Ем-Ти-Ви Адрија" Архивирано на 4 март 2016 г.; преземено од Вест ( Година: 6, Број:1880, Среда, 9/27/2006)
  3. „Единствена опција“ и „Пука козметика“ ќе снимаат спот; преземено од Дневник (Датум: 01.09.2006, 14:01)