Прашина (филм)

Прашинамакедонски филм од 2001 година, во режија на Милчо Манчевски кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Џозеф Фајенс, Дејвид Венам, Владо Јовановски, Адријан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Петар Мирчевски, Салаетин Билал, Борис Чоревски, Николина Кујача и Благоја Спиркоски-Џумерко а музиката е дело на Кирил Џајковски. Во подготовката за снимањето на филмот, Манчевски и неговата екипа направиле обемно истражување за Дивиот Запад и за Отоманското Царство, консултирајќи над 160 книги и статии за тој период.[2]

„Прашина“
Dust.jpg
Промотивна фотографија за филмот Прашина
РежисерМилчо Манчевски
ПродуцентКрис Оти
Весна Јованоска
Доменико Прокачи
СценаристМилчо Манчевски
Главни улогиЏозеф Фајнес
Дејвид Венам
Адријан Лестер
Ен Броше
Вера Фармига
Николина Кујача
Розмари Марфи
Благоја Спиркоски - Џумерко
Јосиф Јосифовски
Борис Чоревски
Трајче Иваноски
Петар Мирчевски
Салаетин Билал
Марјан Чакмакоски
Најдо Тодески
Милица Стојанова
Бранко Бенинов
Андон Јовановски
Владо Јовановски
Зоран Љутков
Ердоан Максут
Нино Леви
Кирил Псалтиров
Шенка Колозова
Ѓорѓи Колозов
Гоце Влахов
Александар Шехтански
МузикаКирил Џајковски
МонтажаГастер Николас
ПремиераИталија 29 август, 2001
Канада 7 септември, 2001
Македонија 10 октомври, 2001
Времетраење127 минути
ДржаваМакедонија Македонија
Јазикмакедонски, англиски,турски, германски
Буџет11 милиони долари[1]

СодржинаУреди

Еџ (го игра Лестер) е ситен крадец од Њујорк кој упаѓа во станот на осамената старица Енџела (ја игра Марфи). Таа му го крши носот и го принудува да ја слуша нејзината животна приказна, кажувајќи му дека поседува многу златници. Притоа, таа претрпува инфаркт и Еџ ја носи на болница. Енџела му раскажува за двајцата браќа од Дивиот Запад, Лук (го игра Венам) и Илајџа (го игра Фајенс) кои се воодушевени од проститутката Лилит (ја игра Броше). Илајџа и Лилит се венчаваат и добиваат дете кое набргу умира. Лук оди во Европа и за време на едно кино-претстава во Париз дознава за борбите на македонските востаници во Отоманската империја. Привлечен од богатата награда за главата на водачот на востаниците, наречен Учителот (го игра Јовановски), тој оди во Македонија каде ѝ се приклучува на една арнаутска банда. Тој успева да го зароби Учителот, но во тој миг турската војска ја напаѓа бандата, а Илајџа тешко го ранува Лук во градите. Браќата се заробени од турската војска, но потоа се ослободени. Ранетиот Лук го среќава бремената сопруга на Учителот, Неда (ја игра Кујача), која го лекува. Додека закрепнува, Лук постојнао мисли на Лилит со која имал љубовна врска за време на нејзиниот брак со Илајџа. Еден ден, во селото пристигнува турската војска, носејќи ја пресечената глава на Учителот. Тогаш, свекорот на Неда му дава златници на Лук и тој го напушта селото. Него повторно го пронаоѓа Илајџа и му кажува дека бремената Лилит извршила самоубиство. Тогаш, нешто се прекршува во лошиот Лук и тој се враќа во селото кое го затекнува запалено, а многу од селаните се убиени. Лук оди во таборот на турската војска и се обидува да ја ослободи Неда со златниците, но сакајќи да убие еден турски војник, тој смртно ја ранува Неда. Тогаш, разјарениот Лук почнува да ги убива турските војници; Неда се пораѓа и умира, а во тој миг погинува и Лук. Најпосле, на местото пристигнува Илајџа кој го зема бебето со себе. Додека Енџела лежи во болницата, Еџ оди во нејзиниот стан и ги наоѓа златниците. Тој редовно ја посетува Енџела во болницата и следејќи ја нејзината приказна дознава дека таа е бебето на Неда. Кога умира Енџела, Еџ го кремира нејзиното тело и пепелта ја носи во нејзината родна земја.

Надворешни ВрскиУреди

Прашина Архивирано на 25 септември 2010 г. на МИФЦ

  1. IMDb, Dust (2001) (пристапено на 22.9.2020)
  2. IMDb, Dust (2001) (пристапено на 22.9.2020)