СТР2

рап група составена од Страјк и Блажеј

СТР2 (или Строго Тврди Рими) е рап група составена од Страјк и Блажеј.[1] Тие се исто така членови на Легијата. СТР2 се појавија на рап сцената во 2001 година, и во тој период од нивното излегување работеа на нивниот албум Не Заборавај кој беше издаден во јули 2007 година.[2]

Страјк и Блажеј се имаат покажано во многу правци од хип-хоп културата, посебно Страјк како текстопицес, ди-џеј и цртач на графити. По излегувањето на албумот, тие беа многу брзо и добро прифатени од публиката. Имаат гостувано на албумите на Џака Накот, Исток-Запад, потоа песни на компилацијата Шурикен итн. Како дел од Легијата, се појавуваат на албумот Лош ден за империјата. Песните се снимани во студиото на Таз, кај Аго, кај Марко – Зад Аголот и во поново време кај ди-џеј Гоце од Саф.

Наводи уреди

  1. „Малку муабети за рапот (интервју со Стр2)“. Хип Хоп Македонија. МТВ. 2008. Посетено на 28 февруари 2014.[мртва врска]
  2. „СТР2 (Строго Тврди Рими) за љубителите на рап музиката и хип-хоп културата“. Топ.мк. 3 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 февруари 2014.

Надворешни врски уреди