А1 телевизија или само А1 — поранешен приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари биле дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создала свој кадар, кој се одликувал со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал телевизијата го емитувала на 22 јануари 1993 година, а национална концесија добила во 2001 година. Во 2012 година започна со работа и интернет верзијата на А1, А1он.мк

А1 телевизија
Отпочната22 јануари 1993
Прекината31 јули 2011
СопственикВелија Рамковски
Формат на слика4:3 (576i, SDTV)
ДржаваСкопје, Македонија
Јазикмакедонски
Област на емитувањеМакедонија
СедиштеУл. Перо Наков бб 1000, Скопје
Сестрински канал(и)А2 телевизија

А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на Конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.

По повеќе од 18 години најстарата приватна телевизија престанала да емитува програма на 31 јули 2011 година, поради одлука на АЕК. Директорот на АЕК донел решение на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ — Скопје има отворено стечајна постапка. Сопственикот на А1 телевизија и уште неколку негови соработници во исто време биле во притвор поради основано сомнение за кривично дело, затајување на данок.

На 1 јули 2008 година, во рамките на А1 телевизија била оформена и нова А2 телевизија.

Награди

уреди
  • 2000 година — награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија;
  • 2003 година — Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес.

Новинари

уреди

Значајни новинари кои работеле во А1

Наводи

уреди