Отвори го главното мени

Партија за демократски просперитет

Партијата за демократски просперитет (ПДП) (албански: Partia për prosperitet demokratik) — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија. Основана е на 15 април 1990.

Партија за демократски просперитет
ПДП
Partia për prosperitet demokratik
PDP
ВодачАбдулади Вејсели
Основана15 април 1990
ИдеологијаЗаштита на правата на Албанците
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

ИсторијаУреди

Од 1992 до 1998 ПДП е дел од коалиционите влади предводени од СДСМ. По парламентарните избори од 1998 година, ПДП преминува во опозиција и оттогаш поддршката за ПДП почнува драстично да опаѓа. Некогашната најсилна партија кај етничките Албанци во Република Македонија, на парламентарните избори во 2002 година освоила само 2,3% од гласовите и само два мандати во Собранието.[1] На парламентарните избори 2006 година настапила во коалиција со Демократската унија за интеграција и освоила три мандати.[2] По изборите ПДП била во опозиција, но во мај 2007 година партиското раководство одлучило да ја прифати понудата на тогашниот новоизбран премиер Никола Груевски да влезе во владината коалиција, добивајќи го министерството за локална самоуправа. На следните парламентарни избори, партијата настапила самостојно и ги загубила трите пратенички места.

Партијата подоцна настапила самостојно на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 притоа не освојувајќи ниеден мандат.[3][4][5] Претседател на ПДП е Абдулади Вејсели, а негови претходници биле: Невзат Халили, Абдурахман Алити и Имер Имери. Партијата згаснала во 2017, а членството преминало во Беса и Алијанса за Албанците.[6]

Претседателски избориУреди

Партијата имала еден кандидат за претседател на Македонија, тогашниот лидер на партијата, Мухамед Халили кој на претседателските избори во 1999 година освоил 45.731 гласови или 4,4% од вкупниот број на гласови. Халили не успеал да се квалификува во вториот круг од изборите.

НаводиУреди