Тетовско кале

археолошко наоѓалиште во Македонија
(Пренасочено од Тетовско Кале)
Балтепе


Карта

Местоположба 42°1′32″N 20°57′21″E / 42.02556° СГШ; 20.95583° ИГД / 42.02556; 20.95583
Основни податоци
Место Тетово
Општина Тетово
Тип



Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Тетовско кале или Балтепе — тврдина и значајно археолошко наоѓалиште која се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово на 2 км од градскиот центар. Самото наоѓалиште во археолошки поглед претставува утврдена градска населба од доцноантичкото време и средниот век.

Сместена е на помала карпеста височинка со стрмни страни што се издига над десниот брег на реката Пена. На врвот има зарамнето плато наведнато кон југ, со форма на триаголник со димензии од 180 × 130 м и површина од околу 1 ха, целото опфатено со траса на темели од доцноантички одбранбен бедем.

Најстарите траги, односно остатоци од ѕидовите на тврдината се големите блокови од бигор, правилно делкани, извадени со диви копања, кои потекнуваат од IV-III век пред н.е. Се претпоставува дека врз темелите на овие ѕидови подоцна, во доцноантичкото време, биле подигнати нови ѕидови цврсто градени од кршен камен и малтер. Тврдината била обновена во средниот век и подоцна во турскиот период во 1820 година од страна на Абдурахман Паша[1]. На јужниот крај во градиштето е откриен голем број фрагменти од хеленистички и доцноантички керамички садови, питоси и тегули. На истиот простор се регистрирани присуство на големи камени блокови и рановизантиски монети. Утврдената населба на Хисар се поврзува со Оенеј, градот на Пенестите. Имено се смета дека овој град, споменат од Тит Ливиј во врска со нападот на македонскиот крал Персеј на Пенестите во 169 година пред н.е., односно кој по навлегувањето во градот Ускана на вешт начин ја зазел и тврдината на Оенеј, се наоѓал на територијата на Тетово. Денес самата тврдина претставува една ретка убавина од минатото во Тетово. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на воениот конфликт во Македонија во 2001 претрпел големи оштетувања кои со годините после конфликтот оштетените делови од објектите биле реновирани и заштитени.

Наводи

уреди
  1. Живко Стефановски, Јован Павловски (1969). Тетово (монографија). Собрание на општина Тетово.