Фудбалска репрезентација на Унгарија
Прекари(и) | Магичните Маѓари (во 1950-тите) Златните единаесет | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Magyar Labdarúgó Szövetség (МЛСЗ) | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Џорџес Лекенс | ||
Капитен | Балаш Џуџак | ||
Најмногу настапи | Габор Кирали (108) | ||
Најдобар стрелец | Ференц Пушкаш (84) | ||
Домашен стадион | Групама Арена - моментално Ференц Пушкаш стадион - од 2019 г. | ||
ФИФА код | HUN | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | |||
Највисок | 18 (април–мај 2016) | ||
Најнизок | 87 (јули 1996) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Австрија 5–0 Унгарија (Виена, Австрија; 12 октомври, 1902) | |||
Најголема победа | |||
Унгарија 13–1 Франција (Будимпешта, Унгарија; 9 јуни, 1927) Унгарија 12–0 Албанија (Будимпешта, Унгарија; 24 септември, 1950) | |||
Најлош пораз | |||
Унгарија 0 - 7 Англија (Будимпешта, Унгарија; 10 јуни, 1908) Англија Ам. 7 - 0 Унгарија (Амстердам, Холандија; 11 октомври, 2013) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 9 | ||
Најдобар резултат | Финалисти (во 1938 и 1954 година) | ||
Европско првенство | |||
Учества | 3 | ||
Најдобар резултат | Трето место (1964) |
Медали | ||
---|---|---|
Состав на Унгарија
| ||
Фудбал (мажи) | ||
Олимписки игри | ||
Хелсинки 1952 | Состав | |
Рим 1960 | Состав | |
Токио 1964 | Состав | |
Мексико Сити 1968 | Состав | |
Минхен 1972 | Состав |
Фудбалската репрезентација на Унгарија (унгарски: Magyar labdarúgó-válogatott) го претставува унгарскиот интернационален фудбал и е под раководство од фудбалската федерација на Унгарија скр. МЛСЗ (унгарски: Magyar Labdarúgó Szövetség). Унгарија има респектибилна фудбалска историја, освојувајќи три титули олимписки шампион, две финалиња на светски првенства и тоа во 1938 и 1954 година, и едно трето место на европското првенство 1964 година. Унгарците спровеле револуција во овој спорт во 1950-тите години која се засновала на тотален фудбал и доминација во меѓународниот фудбал со неповторливиот златен тим во кој играле легенди како Ференц Пушкаш, најдобриот стрелец во 20 век по кој ФИФА ја именувала наградата Пушкаш. Споредна улога во оваа ера е највисокиот ранг на Ело ранг-листата на сите времиња со 2166 бода во 1954 година, една од најдолигите низови без пораз во фудбалската историја, останувајќи непоразени на 31 натпревар во повеќе од четири години вклучувајќи го и Мечот на Столетието.
И покрај овие успеси, унгарската репрезентација доживеал огромен пад почнувајќи од елиминацијата на светското првенство 1986 година, од кога 30 последователни години не успеале да се пласираат на едно големо натпреварување. Во годините на падот го стекнале и нај слабиот ранг на ФИФА ранг-листата 87 позиција во 1996 година како и заземање на последната шеста позиција во квалификациите за европско првенство 2008 година. Во квалификациите за европското првенство 2016 успеале да изборат место на европското првенство што било најдобар успех во последните 40 години.
Историја
уредиВовед
уредиИако Унгарија и Австрија уставно биле една држава Австроунгарија, тие сепак формирале посебни фудбалски асоцијации и клубови во почетокот на 20 век.
1910-титеуредиФудбалската репрезентација на Унгарија за првпат се појавила на Летните олимписки игри 1912 година во Стокхолм, Шведска. Тимот морал да бара донации за да биде во можност да патува. Унгарија била поразена од Англија со 7–0 и на тој начин биле елиминирани од понатамошното натпреварување. По олимписките игри одиграле два меча со тимот на Русија во Москва. На првата средба унгарците победиле со 9–0 додека на втората победиле уште по убедливо со 12–0 што и ден денеска важи за рекорд на најголема победа на Унгарија над некоја екипа. Најдобар стрелец бил Имре Шлосер кој постигнал седум гола. Почетокот на првата светска војна донел многу проблеми во унгарскиот фудбал. Репрезентацијата и клубовите доживеле големи финансиски проблеми. Во текот на војната унгарците одиграле дури 16 мечеви со тимот на Австрија. Во 1919 година англичаните побарале да се казнат екипите што ги претставувале централните сили (вклучувајќи ја и Унгарија) со исклучување од ФИФА. Кога ФИФА ја одбила оваа жалба, британците (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска) одлучиле да одстапат од ФИФА.
1920-титеуредиНа Будимпешта и била одбиена можноста за домаќинство на Летните олимписки игри 1920 година кои биле одржани во Белгија. Државите кои ги претставувале централните сили во првата светска војна (Германија, Австроунгарија, Отоманското Царство и Бугарија) биле исклучени од овие олимписки игри. Во овој период браќата Фогл (Јожеф и Карољ Фогл) играле за репрезентацијата. Формацијата која ја користеле унгарците била 2–3–5 која била уникатна во тоа време. Репрезентацијата на Унгарија играл на Летните олимписки игри 1924 година во Париз, Франција. Во првиот натпревар унгарците биле подобри од тимот на Полска, меѓутоа во втората рунда изгубиле од Египет. Како последица на овој пораз селекторот на фудбалската репрезентација како и претседателот на фудбалската федерација на Унгарија си поднеле оставка.
Помеѓу 1927 и 1930 година, унгарската репрезентација учествувала на европскиот куп кој се смета за прв интернационален турнир во кој земале учество тимовите на Австрија, Чехословачка, Швајцарија, Русија и Југославија. Во финалето унгарците биле поразени од тимот на Русија. На 12 јуни 1927 година, Унгарија го победила тимот на Франција со 13–1 што сè уште важи за рекорд. Јожеф Такач постигнал шест гола.
1930-титеуредиПрвото светско првенство било одржано во Уругвај 1930 година меѓутоа унгарската репрезентација не била поканета да учествува и не била дел од овој турнир (не постоеле квалификации). Унгарија за првпат се појавила на светското првенство 1934 година во Италија. Првиот натпревар на светските првенства воопшто тимот на Унгарија го одиграл на 27 мај 1934 година против тимот на Египет победувајќи го со 4–2. На овој натпревар головите ги постигнале Пал Телеки, Геза Толди и Јене Винце. Во четврт-финалето унгарците се сретнале со нивните соседи и најголеми соперници во тоа време австријците меѓутоа загубиле со 2–1. Единствениот гол за Унгарија го постигнал Ѓерѓ Шароши. На Летните олимписки игри 1936 година унгарците биле елиминирани уште во првата рунда губејќи од тимот на Полска со 0–3.
Светското првенство 1938 година било одржано во Франција. На првиот натпревар унгарците забележале убедлива победа против Холандските Антили со 6–0. На овој натпревар Шароши и Женгелер погодиле по двапати додека по еднаш во списокот на стрелците се запишале Кохут и Геза Толди. Во четврт-финалето унгарците уепале да го победат тимот на Шведска со 5–1 со головите на Шаш, Шароши по еден и хет-трик на Женгелер. Во финалето одиграно на стадионот Коломбе во Париз унгарците се сретнале со тимот на Италија меѓутоа загубиле со 4–2. Двата гола за унгарската репрезентација ги постигнале Пал Титкош и Ѓерѓ Шароши.
|