Црква „Св. Ѓорѓи“ - Отуње

Свети Ѓорѓи — главна селска црква во тетовското село Отуње. Градена е во 1860 година, додека обновена е во 1994 година.[1]

Св. Ѓорѓи
македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Втора тетовска
Местоположба

Карта

Место Тетово
Општина Тетово
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георги
Изградба 1860
Архитектонски опис

Настани од 2001

уреди

За време на воениот конфликт во Тетовско во 2001, црквата во Отуње не била поштедена од налетот на албанските банди.[2] На вратата пред влезот во црквата била скршена мермерната плоча со година на градба на црквата и било пукано е со оружје на таванскиот дел со видни оштетувања на плафонот. Електричната инсталација била целосно оштетена и бил одземен струјомерот. Сите четири столба внатре биле оштетени, а на двата столба веднаш до влезната врата во црквата биле оштетени лежиштата за икони. Уништени биле и дрвените седишта за седење на стари и изнемоштени лица при Светите богослужби. Целосно биле уништени два шандани за свеќи, аналогијата со намена за поставување на икони, купелот за крштевање на деца. Најголеми и непоправливи штети и вандалски уништувања биле направени на самиот свето-црковен ентериер на црквата. Многу од иконите биле уништени (сечени со секири, пукано со куршуми или кршени). (Во трпезаријата биле скршени сите прозорци, растурен бил сиот прибор за јадење и недостасувал ТВ приемник.[3] Во црквата има стари фрески и икони на кои не им се знае авторот. Неколку понови фрески имаат живописано учителот Крсто Гоговски од с.Непроштено (еден од киднапираните и убиени Македонци од с.Непроштено во конфликтот 2001 година) и ликовниот уметник Мирко Видоески од Тетово.

Наводи

уреди
  1. Ефтоски, Гојко (22 август 2009). „Повратниците го заживуваат Отуње“. Утрински Весник. Архивирано од изворникот на 2010-05-15. Посетено на 2011-01-11.
  2. „Осквернавени црквите во Сетоле и во Отуње“. Дневник. Посетено на 2011-01-11.[мртва врска]
  3. „Оштетувања на црквата "Свети Ѓорѓи" во село Отуње - комплетен извештај“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2011-01-11.