Божо Софрониевски

Божо Софрониевски (1 март 1922 во Волковија - 10 ноември 2001 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски и радиски глумец, поет, драмски писател и преведувач.

Божо Софрониевски
Роден 1 март 1922
Волковија, Кралство СХС
Починал 10 октомври 2001(2001-10-10) (возр. 79)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогата во:
Мирно лето
Мементо
Занимање глумец
поет
писател
Во улогата на руски офицер во филмот „Мементо“ (1967).

Животопис

уреди

Софрониевски е роден во Волковија, Гостиварско на 1 март 1922 година. Во почетокот на педесеттите години се вработил во Македонскиот народен театар во Скопје, каде што ги остварил своите први улоги во неколку драмски проекти. Подоцна се вработил во Радио Скопје (денес Македонско радио) при РТВ Скопје (денес Македонска радио-телевизија) каде што работел како радиски глумец сè до крајот на својот работен век.

Препознатлив е по синхронизирањето на македонски на некои од ликовите во цртаниот филм „Попај“, во осумдесеттите години од минатиот век. Малку е познато дека Божо Софрониевски е автор на првиот текст за забавна мелодија во Р Македонија - „Мојата гитара“.[1]

Филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. "Благоја Петров Караѓуле" на YouTube од документарецот Песно не заборави ме: Благој Петров Караѓуле, режисер Д. Ѓорѓиоски, МТВ 1996 (28m40s-29m40s)

Надворешни врски

уреди