Ангелина Маркус
македонска писателка
Ангелина Маркус, мом. Шуплиноска, ( 1932 во Тополчани, Прилепско — 22 април 2022 во Скопје) — македонска писателка, историчарка и професорка по филозофија. Во своите дела Маркус пишува за античката и средновековната историја на македонскиот народ и тие често имаат патриотски карактер.[1]
Основно образование завршила во родното село, гимназија во Прилеп, а Филозофски факултет во Скопје. До 1990 година работела како професор во повеќе гимназии низ Македонија, кога и се пензионирала. Уште во студентските денови ја привлекол пишаниот збор и повремено објавувала написи и пишувала песни. Од 1990 година почнуваат нејзините истражувања за древните вредности на Македонија, со критички осврт врз целата користена литература.
Дела
уреди- Ксантика - древно македонско празнување, 2010
- Кумството во црквата Св. Недела во с. Смилковци, 2009
- Персеј, 2009
- Алкомена, древен град во Пелагонија, тврдина на македонските кралеви, 2008
- Аристотел Македонецот, 2007
- Беше и си биле... Приказни за Македон и Македонците, 2006
- Исхраната на древните Македонци, 2006
- Филип II Македонецот, 2005
- Македонска древна медицина, 2005
- Македонските древни театри, 2005
- Тополчани во срцето на Пелагонија, 2005
- Македонија на Македонците, 2004
- Македонски древни вредности II, 2003
- Поеми за Македонските цареви, 2003
- Македонски древни вредности, 2001
- По трагите на славните Македонци, 1998
Наводи
уреди- ↑ „Биографија - Ангелина Маркус“. Архивирано од изворникот на 2013-07-07. Посетено на 2013-01-12.
Надворешни врски
уреди- Портал на Ангелина Маркус Архивирано на 9 февруари 2011 г.