Црква „Св. Атанасиј“ - Лешок

црква во селото Лешок

Свети Атанасиј претставува главната манастирска црква на Лешочкиот манастир. Неа ја возобновил егуменот Серафим во 1924 година. Била изградена во многу убав стил со три куполи, една централна и две на пронаосот. На десната купола вградена била канбанеријата. Оваа црква била изградена според планот изработен од архиетектот Андрасов. Црквата со прекини се градела 10 години. Во 2001 година истата била разрушена до темел, но веднаш била комплетно рекоструирана и реосветена. Секоја година се одржува манастирски собир на 28 август, кога се собираат голем број на верници од селото,околината и подалечените места кој број изнесува над неколку илјади верници. Додека патрониот празник на црквата е Атанасовден Летен на 15 мај секоја година.[1]

Свети Атанасиј

Црквата од задната страна на денот на Голема Богородица

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Тетовско
Парохија Теаречка
Местоположба

Карта

Место Лешок
Општина Теарце
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Атанасиј Александриски
Изградба 1924 до 1934 и
2001
Осветување 1936 и 2007 (реосветена)
Живопис 1936 и 2003
Изгорена 1710 и 2001
Архитектонски опис

Живопис

уреди

За внатрешното уредување и во изработката на иконостасот и на архиерејскиот престол, биле ангажирани мајстори од Гостивар во 1936 година, од чии имиња познати се само иницијалите И.С.Т.Р.Ж кои се испишани на задниот дел од царските двери. Живописот во црквата е од икони и фрески, сите биле изработени со донации на православни христијани од регионот. Иконите што биле на царските двери биле на Пресвета Богородица и на Свети Архангел Гаврил. Лево до царските двери била насликана Пресвета Богородица до неа на влезната врата бил Свети Атанасиј, десно од царските двери бил насликан Господ Исус Христос а на десната врата Свети Јован Крстител. Во втората зона биле претставени дванаесте апостоли, Распетието Христово и под него Воскресението Христово. Над централната купола Христос Содржател. Сите биле изработени во 1936 година од непознат зограф. На северниот и на јужниот ѕид, во една и во две зони се наоѓале подарени фрески, изработени од зографот Теодос Колски од Скопје во 1962 година. Отогаш па наваму ја зографисувале повеќе зографи поради што по својот квалитет се разликуваат. Во олтарот на чело на престолот се наоѓал монументален голем крст изработен од камен оникс. Интересно е тоа што дека над влезната врата се наоѓале две фрески, едената на Свети Атанасиј, а втората била Св. Кнез Лазар. Претходно обновување на манастирот било извршено од 1965 година до 1968 година под раководство на егуменијата Меланија ,а во поново време истото било сторено од старешината на манастирот протојереј-ставрофор Димитрие Крстевски.

Уништувањето од 2001

уреди

Оваа манастирска црква беше минирана и целосно уништена на 21 август 2001 година. Со ова уривање на манастирската црква уште еднаш се потврдило дека историјата на селото Лешок се повторува. Црквата била разрушена до темел со минирање. Останат бил само нартексот од западниот дел и скоро целиот западен ѕид од наосот. Двете куполи на нартексот биле останати, при што на јужната купола биле видливи конструктивни пукнатини. Од експлозијата било се уништено, освен неколку фрески на светители коишто останале на неурнатите ѕидови. Но црквата „Св. Атанасиј“ била реконструирана со истиот камен што бил користен во нејзината првична изградба. Камењата биле сочувани и нумерирани со помош на националниот Институт за заштита на културното наследство, кој направил детална студија за проектот. ЕУ обезбедила околу 410.000 евра за обнова на ѕидот и фасадата, преку Европската агенција за реконструкција (ЕАР) во Македонија.[2] Неговото преосветување било во 2007 година, кога Македонската православна црква прославувала 40 години од својата автокефалност. На празникот наПокров на Пресвета Богородица било извршено осветување на црквата „Св. Атанасиј“. Осветувањето на Црквата го извршил Неговото Блаженство,Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, а на чинот на осветувањето присуствувале и поголем број од архијереите на Синодот на МПЦ.[3]

Поглед на внатрешноста на црквата во периодот кога е живописана по втот пат

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“. Тетовско Архиерејско намесништво. Посетено на 2010-09-26.
  2. Николовски, Зоран (28 јуни 2005). „Завршена реконструкцијата на Лешочкиот манастир во Македонија“. Southeast European Times. Посетено на 2010-09-14.
  3. „Осветување на црквата во Лешочкиот манастир“. Повардарска епархија. 2007. Посетено на 2010-09-14.