Еуростандард банка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
ЕУРОСТАНДАРД Банка АД - Скопје — поранешна македонска универзална банка. Таа е овластена од Народна банка на Република Македонија за вршење платен промет во земјата и странство, депозитни активности во земјата и странство и кредитирање во земјата. Адресата на нејзиното седиште е ул. ”Никола Кљусев”, бр.2 - Мал ринг, 1000, Скопје, Република Македонија.
Историјат
уредиЗапочнала со работа на 1 октомври 2001 година.[1]
Во јануари 2014 година Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска Банка.[2]
Цели
уредиСпоред зборовите на Николче Петкоски, претседател на Управниот одбор на банката, “следењето на модерните банкарски трендови, како и високите банкарски меѓународни стандарди коишто обезбедуваат сигурна законска и квалитетна услуга е нашиот основен мотив во работењето и доближувањето до потребите на граѓаните и компаниите.“
Во тие рамки, Зоран Николовски, член на управниот одбор, ги навел следниве цели на Еуростандард банка:
“ЕУРОСТАНДАРД Банка АД Скопје е ориентирана кон клиентите, обезбедувајќи им современи дистрибутивни канали за производите и услугите, како што се експозитури и банкомати сместени на најфреквентните локации низ Македонија, поддршка за најраширените парични картички и обезебдување на најсовремени кредитни и депозитни производи. Целта на тимот којшто раководи со Банката е да им овозможи на физичките лица, семејствата, малите и средни бизниси, но и корпоративните клиенти, сигурност и висока осетливост на сите нивни потреби. Јасната определба на менаџментот, но и на вработените во Банката, секојдневно да пронаоѓаат решенија кои ќе бидат одговор на потребите на нашите ценети клиенти е нашата најголема предност во опслужувањето и работата со клиентите. Нашата сила лежи во професионалниот и искусен кадар кој работи стручно, посветено и во согласност со принципите на приватност и доверливост, а сè со цел да обезбедиме најдобра финансиска услуга на пазарот.“ [3]
Мисија
уредиМисијата на Еуростандард банка АД Скопје е "целосно да се искористат сите расположливи извори во организацијата, за континуиран напредок на работењето, во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, до технологијата, но и оптимизирање на ефикасноста во деловни процеси".[4]
Органи на банката
уредиУправниот одбор на Еуростандард банка го сочинуваат:
- Николче Петкоски - претседател
- Зоран Николовски - член
Членови на надзорниот одбор се:
- Трифун Костовски - претседател
- Јоханес Клецл - член
- Мирољуб Шукаров - член
- Гале Галев - член
- Ева Нетковска - член
Одборот за ревизија го сочинуваат:
- Зоран Миновски
- Трифун Костовски
- Јоханес Клецл
- Димитар Бојаџиоски
- Мирољуб Шукаров
Акционери на банката
уредиКапиталот на Еуростандард банка АД е во рацете на два акционера:[5]
- Gofi Group of Finance and Investments SA, Мелиде, Швајцарија и
- E.H.H. Eastern Hemisphere Holding SA, Мелиде, Швајцарија.
Организациска структура
уреди- Собрание на акционери
- Одбор за ревизија
- Надзорен одбор
- Центар за внатрешна ревизија
- Одбор за управување со ризици
- Одбор за надгледување со ИТ
- Управен одбор
- Секретаријат
- Центар за маркетинг и нови прозиводи
- Центар за управување со ризици
- Центар за контрола и усогласеност на работењето и СПП
- Центар за сигурност на ИС
- Сектор за работа со физички лица
- Дирекција за поддршка на продажба
- Дирекција за дистрибутивни канали
- Дистрибутивна мрежа
- Сектор за работа со правни лица
- Дирекција за односи со големи клиенти
- Дирекција МСП
- Дирекција за поддршка на продажбата
- Сектор за ликвидност
- Дирекција за управување со ликвидност
- Дирекција за тргување и кореспондентски односи
- Сектор за ИКТ и банкарски операции
- Дирекција за ИКТ
- Дирекција за банкарски операции
- Дирекција за платни системи
- Сектор за финансии и поддршка
- Дирекција за сметководство и финансиии
- Дирекција за планирање и контролинг
- Дирекција за управување со имот и технички услуги[6]
Финансиски показатели
уредиВрз основа на ревидираните финансиски извештаи, подготвени во согласност со Методологијата пропишана од Народната банка на Република Македонија, во текот на 2012 година,ЕУРОСТАНДАРД Банка ги остварила следниве финансиски резултати од работењето:[7]
- Приходи од камата:338 456 000 денари
- Расходи од камата:253 050 000 денари
- Нето-приходи од камата:85 406 000 денари
- Приходи од провизии и надоместоци:62 009 000 денари
- Расходи за провизии и надоместоци:16 524 000 денари
- Нето-приходи од провизии и надоместоци:45 485 000 денари
- Исправка на вредностa на финансиските средства:45 876 000 денари
- Добивка за годината:126 715 000 денари
Истовремено, на 31 декември 2012 година,ЕУРОСТАНДАРД Банка ги имала следниве средства, обврски и капитал:[7]
- Парични средства и еквиваленти:1 192 883 000 денари
- Кредити:3 201 167 000 денари
- Вкупна актива:6 258 904 000 денари
- Вкупно обврски:5 596 697 000 денари
- Депозити:4 310 018 000 денари
- Вкупно капитал и резерви:662 270 000 денари
Со состојба на 31 декември 2012 година, поважните показатели за акциите на ЕУРОСТАНДАРД Банка биле следниве:
- Заработувачка по акција: 6 497 000 денари
- Адекватност на капиталот: 0,1494%
Извори
уреди- ↑ „Еуростандард банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2014-01-21. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „„Еуростандард банка стана целосен сопственик на Поштенска Банка"“. Архивирано од изворникот на 2014-04-23. Посетено на 2014-10-08.
- ↑ „Еуростандард банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „Еуростандард банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-13. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „Еуростандард банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ „Еуростандард банка АД Скопје“. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 2013-12-29.
- ↑ 7,0 7,1 „Еуростандард банка АД Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-27. Посетено на 2014-01-05.
Надворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 31 декември 2013 г.