7 јули
датум
7 јули — 188-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (189-и во престапна година). Остануваат 177 денови до крајот на годината.
<< | јули | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
Настани Уреди
1937 | Јапонската армија го напаѓа кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставуваат, па Јапонија тоа го искористува како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна трае сè до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. |
1969 | Во Канада, прифатен е Актот за службен јазик според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик. |
1985 | Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци. |
2000 | Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото. |
2005 | Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци. |
Родени Уреди
1690 | Јохан Тобијас Кребс — германски композитор. |
1860 | Густав Малер — австриски композитор. |
1887 | Марк Шагал — руско-француски сликар. |
1893 | Владимир Мајаковски — руски писател. |
1893 | Мирослав Крлежа — хрватски писател. |
1901 | Виторио де Сика — италијански режисер. |
1921 | Васко Карангелески — народен херој на Македонија. |
1922 | Пјер Карден — италијанско-француски моден творец. |
1926 | Радка Кушлева — бугарска народна пејачка. |
1930 | Хенк Мобли — американски џез-музичар. |
1932 | Џо Завинул — австриско-американски џез-музичар. |
1940 | Ринго Стар — тапанар на Битлси. |
1959 | Муса Џафери — македонски политичар и член на ОНА. |
1967 | Сашо Мацановски - Трендо — македонски телевизиски водител и стопанственик. |
1974 | Наталија Тодоровска — македонска ракометарка. |
1975 | Захар Прилепин — руски писател. |
1978 | Крис Андерсен — американски кошаркар. |
1984 | Алберто Аквилани — италијански фудбалер. |
Починале Уреди
1304 | Бенедикт XI — римски папа. |
1307 | Едвард I — англиски крал. |
1573 | Џакомо Бароци да Вињола — италијански архитект. |
1854 | Георг Ом — германски физичар. |
1890 | Анри Нестле — основач на „Нестле“. |
1907 | Телос Агапинос — офицер во грчката армија. |
1914 | Дејвид Брајан — американски филмски глумец. |
1923 | Таската Серски — македонски револуционер. |
1930 | Артур Конан Дојл — шкотски писател. |
1965 | Вероника Тушнова — советска и руска поетеса. |
1972 | Атинагора — цариградски патријарх. |
1973 | Вероника Лејк — американска глумица. |
2004 | Владо Кристл — хрватски и германски сликар и филмски режисер. |
2006 | Сид Берет — англиски рок-музичар, член на групата „Пинк флојд“. |
2011 | Мануел Галбан — кубански гитарист. |
2014 | Бора Тодоровиќ — српски и југословенски глумец. |
2014 | Алфредо Ди Стефано — аргентинско-шпански фудбалер и тренер. |
2021 | Дилип Кумар — индиски глумец. |