Скопска Каза
Скопската каза била каза во Македонија во состав на Отоманското Царство, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 и почеток на 20 век. Скопската каза била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает). Центар на казата бил градот Скопје, и оттука со казата управувал османлиски чиновник кајмакам. Бидејќи Скопје било центар и на Скопскиот санџак, во градот престојувал и управникот на санџакот, мутесарифот, а од 1888 година, кога Скопје станало центар на Косовскиот вилаета, тука живеел и косовскиот валија.

Скопската каза опфаќала 148 села и градот Скопје, односно опфаќала голема територија. Населението на почеткот на 20 век било етнички и конфесијално мешано. Муслиманите кои живееле во оваа каза по потекло биле Турци, Торбеши, Албанци, Черкези и муслимански Цигани. Христијанското население било со словенско потекло, но било поделено на верници на Цариградската патријаршија и на Бугарската егзархија.[1]
Населени места уреди
Скопската каза броела вкупно 34,862 жители. Се состоела од следните населени места:
- Кучевиште
- Чучер
- Бањане
- Побоже
- Мирковци
- Глухово
- Бразда
- Горњане
- Бродец
- Брест
- Љубанци
- Љуботен
- Јазирци
- Стрима
- Раштани
- Булачани
- Црешево
- Виниче
- Радишани
- Арачиново
- Брњарци
- Кучково
- Страченци
- Ајватовци
- Бара
- Бутел
- Рукомија
- Бучинци
- Стајковци
- Маџари
- Белимбегово
- Трубарево
- Јурумлери
- Кјуили
- Ибраимово
- Инџиково
- Огненци
- Идризово
- Керемидница
- Хасанбегово
- Кадино село
- Теке
- Бунарџик
- Маршевци
- Бујковци
- Хаџилари
- Катланово
- Блаце
- Козле
- Летевци
- Таор
- Навово
- Руженичино
- Пакошево
- Ново Село
- Акостово
- Бадер
- Брезица
- Градманци
- Дивле
- Сушица
- Крушица