Ибни Пајко
Местоположба
уредиНајголемото маало во Скопје било сместено на левиот брег од реката Вардар, а било поврзано диретно со Камениот мост. До него поминувал и патот кон чаршијата. Западно од него се наоѓало Еврејското маало, на север се наоѓале чаршијата и маалото Ине Бег, додека пак на исток од него се наоѓало маалото Јигит Паша.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било мешано со христијанско и муслиманско население. Имено, имало 113 христијански и 51 муслиманско домаќинство. Биле забележани 268 мажи христијани со 31 новороденче и 92 мажи муслимани со 17 новороденчиња. Освен тоа, биле забележани и 13 мажи христијани и 29 мажи муслимани коишто скоро се доселиле во маалото. Се проценува дека во тој период маалото имало 900 жители, што го правело да биде најголемо во градот.[1][2]
Сегашност
уредиДенес маалото е наполно урбанизирано и нема трага од некогашните куќи. Ова маало особено има претрпено промени со проектот Скопје 2014. Во неговите некогашни граници се наоѓаат многу институции, меѓу кои: Државен архив на РСМ, Уставниот суд на Македонија, Палата Света Лидија - АЕК, Археолошки музеј на РСМ, Јавното обвинителство на Македонија, МНР, Национална опера и балет, Национална Филхармонија, Факулетот за музичка уметност, ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”, Министерство за транспорт и врски, Националната галерија “Даут-пашин амам”, Управа за водење на матичните книги на Република Македонија, како и различни споменици.
Исто така во средина се наоѓа и паркот “Ибни Пајко”, како и плоштадите “Мајка Тереза”, .“Скендербег”.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.