Худаверди (турски: Hüdaverdi) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Маалото се наоѓало северно од Скопската чаршија и западно од Бит-Пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 930 метри североисточно.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 83 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 200 жители.[1]

Сегашност уреди

Денес голем дел од маалото е под скопската населба Дуќанџик.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.