Хатунџиклер (турски: Hatuncuklar) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Маалото се протегало источно од Јајха-пашината џамија. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1400 метри североисточно.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 51 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 100 мажи муслимани, со 15 новороденчиња. Исто така имало и 23 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 276 жители.[1]

Сегашност

уреди

Низ ова маало денес поминува улицата „Фан Ноли” и е во целост со куќи.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.