Кумановската каза била каза во Македонија во состав на Отоманското Царство, третостепена административно-управна единица, која постоела во 19 век. Била дел од Скопскиот санџак, кој пак бил дел од Косовскиот вилает.

Кумановска каза
Каза на Отоманско Царство

1867–1913
Знаме Грб
Знаме Грб
Главен град Куманово
Историја
 -  Основана 1867
 -  Лондонски договор (1913) 30 мај 1913
Денес во Македонија Македонија

Управа и поделба

уреди

Како каза со центар во Куманово, каде што престојувал османлискиот чиновник кајмакам, оформена е во 1867 година. Географски ги опфаќала областите Козјак, Карадак, Славиште и Жеглигово. Казата се делела на три дела:

Население

уреди

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Кумановската каза живееле 48.421 жител, од кои:[1]

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци / хрис. 34.191 70,61
Македонци / мусл. 500 1,03
Турци 6.150 12,70
Черкези 300 0,61
Албанци 6.166 12,73
Власи 50 0,10
Евреи 30 0,06
Роми 1.034 2,13
Вкупно 48.421 100 %

Географија и местоположба

уреди

Казата опфаќала 108 села и со мали разлики била иста како Кумановскиот округ од времето на Југославија. На север Кумановската каза се граничела со Прешевската каза, на исток со Кривопаланечката каза и со Кратовската каза, а на југ и на запад со Велешката каза и Скопската каза.[2]

Во книгата Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, дава опширен опис на Кумановската каза во делот на Топографијата.

Кумановската каза бил една од најкрајните кази на Османлиското Царство[3]. Од српската граница таа била одделена само со тесниот источен дел на Прешевската каза[3]. Таа го опфаќала целото Кумановско Поле, северната и западната падина на Црна Гора (Карадак), горната падина на Козјак Планина до Страцинската Планина. Граничела со казите: Скопска, Гниланска, Прешевска, Паланечка, Кратовска и Штипска. Скопската каза се доближува на 1 ½ час до градот Куманово, имено до селото Романовце. Од тоа село преку Биљановце излегува до Пчиња, минува крај селата Винце, Д’лга, Сопот, Малино и Живиње[3]. Градишката Планина, Руен и Врв се во Кумановската каза. Од Градишки Врв до Липовец излегува до Крива Река. Стрезовци и Орах се во неа. Од тука нагоре границата врви по билото на Гоглин до Козјак (Дренак и Длабочица се кумановски села) и по него до Пчиња. Преку Пчиња погранични села се: Муталово, Карабичане, Табановце и Миратовац. По терасата меѓу Миратовац и Прешево границата излегува на Црна Гора и преку село Стража – на Скопска Црна Гора (Брест е во Скопско). Матејче, Никуштак и Агино Село се погранични села од таа страна. Во тие граници Кумановската каза е повеќе пространа на исток, југоисток и североисток[3]. Од југ, југозапад и запад, а особено од југ на внатре во неа се вдава Скопската каза, а од запад и северозапад Прешевската[3]. Од Куманово на југозапад до село Романовце казата се простира на 1 ½ час, на југ (с.Винце) 3 часа, на југоисток (до село Сопот) 6 часа, на исток – југоисток (с.Пезово) 4 ½ часа, на исток (с.Осиче) 6 часа, на североисток (с.Рамно) 4 часа, на север (с.Миратовац) 3 часа и на запад до 2 часа[3].

Клима

уреди

Кумановското Поле е доста повисоко од Скопското, а освен тоа е откриено и за северните ветрови[3]. Заради тоа климата во летно време е посвежа, а зимно време постудена отколку во Скопско[3]. Во Кумановско зимата е посурова кога дува северен ветер, наспроти Скопје каде што е постудено кога зимата е снеговита. Бидејќи местото е откриено, нема блатни места и климата е доста здрава. Површината и релјефот на казата се разновидни[3]. Почвата воопшто е слабо родна[3].

Стопанство

уреди

Населението се состои од Македонци и Албанци. Главните дејности како насекаде кај нас се земјоделството и сточарството. Второстепена дејност е дрводелството. Од земјоделските производи прво место зазема житото. Пченица сеат од сите видови, но најмногу се среќава осатката, а црвенката се среќава повеќе во овчеполските села[3][3]. Освен по долините на реките пченка се сее и во полето, но таму слабо вирее. Одгледувањето афион е воведено од скоро, но и покрај тоа е силно развиено. Како и во Скопско и тука уште не знаат да го обработуваат заради што викаат работници од надвор за собирањето. Винарството не е од важните стопански гранки, но сепак Куманово не е сиромашно со вино. Во повеќето села има лозја, од кои се добива вино колку за задоволување на сопствените потреби. Кумановското вино е многу тенко и лесно за пиење[3]. Најдобро вино даваат селата под Црна Гора. Во најдобра година целата каза може да даде до 700 товари грозје[3]. Тутунарството, иако е многу опаднато, е една од видните земјоделски гранки[3]. Во последно време се направија и обиди со ориз кој излезе одличен[3].. Тој се сее во некои места по долината на река Пчиња (с.Клечевце) и по долината на Голема Река[3]. Кумановско продава многу волови и коњи, но со ситен добиток отстапува пред соседното Овче Поле. Земјоделските орудија: кола, тркала, вили и др се главните дрводелски производи[3].  

Кумановската каза е многу слабо населена споредено со другите кази во Скопско[3]. Неплодноста на местото и реткото население се главните причини на тоа што земјата во Кумановско е многу евтина[3]. Чифлик со 300 шиници семе и со релативно плодна почва се продава за 60 лири и пак нема кој да го купи. Земјата е повеќе во сопственост на местните жители[3].

Револуционерни борби

уреди

Кон почетокот на XX век за време на Борбите за Македонија, во кумановската каза се случиле најголем дел од судирите на четничките организации. Една од најголемите пречки за продор на српските чети била Македонската револуционерна организација и нејзините чети кој не дозволувале на нејзината организациска тероторија какви било други вооружени чети ако не припаѓале на Организацијата.

Наводи

уреди
  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  2. Јован Хаџи-Васиљевиќ, Јужна Стара Србија, историски, етнографски и политички истражувања, Книга 1, Кумановска област, Белград, 1909, 89-91, 176-187.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 3,18 3,19 3,20 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 360–361. ISBN 978-608-245-113-8.