Уруч Паша (турски: Oruç Paşa) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Ова маало било крајно западно маало на тогашно Скопје - веднаш до пракот Гази Баба. На северозапад од него се наоѓале маалата Капуџи Хамза и Ибни Меџри, додека пак на југозапад биле маалата Исмаил Војвода и Пазар Баши. Од Камениот мост било оддалечено 1100 метри.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 56 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 130 мажи муслимани, со 12 новороденчиња. Исто така имало и 22 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 328 жители и било едно од поголемите.[1]

Сегашност

уреди

Денес ова маало е дел од општина Чаир и сѐ уште има куќи, коишто се густо збиени. Две улици го пресекуваат маалото: „Челопек“ и „Аврам Писевски“.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.