Ибни Омер (турски: İbn i Ömer) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Маалото започнувало северно од основното училиште Јашар Беј и се протегало кон почетокот на „Пластичарска“. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1100 метри североисточно.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било претежно муслиманско, со 11 муслимански домаќинства и со исклучок на едно христијанско домаќинство. На овој попис биле забележани 110 мажи домородни муслимани, со 12 новороденчиња, како и 30 мажи муслимани коишто се доселиле, со 3 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 314 жители.[1]

Сегашност уреди

Најголем дел од територијата на маалото е под дуќани, како почеток на „Пластичарска“, и низ него поминува булеварот „Никола Карев“, јужниот дел е под сегашната населба Дуќанџик.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.