Егит Паша
Егит Паша или Јигит Паша (турски: Yigit Paşa) — старо скопско маало.
Местоположба
уредиМаалото било прилично големо и се простирало на левиот брег на реката Вардар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 500 метри источно. Западно од него било маалото Ибни Пајко, додека пак источно Ибни Коџаџик.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било мешано со христијанско и муслиманско население, односно имало 62 христијански и 40 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 78 мажи муслимани, со 12 новороденчиња и 155 мажи христијани со 31 новороденче. Исто така имало и 7 мажи муслимани и 11 мажи христијани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 588 жители и било трето по големина.[1][2]
Сегашност
уредиДенес ова маало е целосно урбанизирано и неговите некогашни граници во целост се наоѓаат во еден единствен блок. Тој блок се протега источно од улицата „Стив Наумов”, јужно од булеварот „Гоце Делчев” и западно од булаварот „Крсте Петков Мисирков”. Во јужниот дел се простира кејот „Димитар Влахов” и плоштадот „Пресвета Богородица”. Тука се наоѓа и црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“. Други објекти коишто се наоѓаат тука се: управната зграда на А1 Македонија, Министерство за животна средина и просторно планирање, ресторан „Стара Куќа”, OОУ „Свети Кирил и Методиј” и Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски”.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.