Дубаг Шахин (турски: Dubag Şâhin) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Крајно скопско маало на тогашното Скопје. Од него се започнувале патиштата за Радишани и Булачани. На неговиот северен дел било во план да се градат нови блокови, односно да се прошири самото маало. На запад граничело со Топхане, на југ со маалото Хаџи Гази, додека пак на исток со маалата Хаџи Јонус и Ќатиб Шахин. Од Камениот мост било оддалечено 1500 метри.

Историја

уреди

Маалото било основано од муслимани, но бидејќи се наоѓало на крајниот северен дел од градот, се населувале христијани од селата под Скопска Црна Гора. Како такво, мешано, е забележано во опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година. Имало 36 муслимански и 15 христијански домаќинства. Биле забележани 76 мажи муслимани со 15 новороденчиња и 28 мажи христијани со 11 новороденчиња. 17 мажи муслимани биле заведени како доселеници.[1][2]

Сегашност

уреди

Денес маалото е дел од општина Чаир и сѐ уште има куќи, коишто се густо збиени. Тука поминува ул. „Сараевска“.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.