Џами Атик (турски: Cami Atik) — поранешно скопско маало.

Хоџа Шемс
Маало
     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.
     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.
Координати: 42°00′07″N 21°26′30″E / 42.00194° СГШ; 21.44167° ИГД / 42.00194; 21.44167
ДржаваМакедонија
ОпштинаДенес тоа е во Чаир

Местоположба

уреди

Маалото се протегало северно од Економскиот факултет, до улицата „Петре Георгиев“. На исток се граничело со маалото Исмаил Војвода, на север со Ибни Шахин, на запад со Мурадије и на југ со Хаџи Теџедин. Од плоштадот „Македонија“ било оддалечено 980 метри североисточно.

Историја

уреди
 
Маалото во 1931 година.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 53 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 113 мажи муслимани, со 10 новороденчиња. Исто така имало и 1 христијанско домаќинство.[1] Се проценува дека маалото во тој период имало 282 жители.[2]

Сегашност

уреди

Денес јужниот дел на некогашното маало е во рамките на Економскиот Факултет, додека во средишниот дел се наоѓа Султан Муратовата џамија и Турбето на Иса-бег.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.