Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан

Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан (турски: Cedid İsâ Bey - Şeyh Ramazan) — стари скопски маала. Станува збор за маалата Џедид Иса-Бег и Шеик Рамазан, кои османлиската администрација ги водела како една единица.

     Местоположба на маалата во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Маалата се протегале северно од „Пластичарска”. На југ било маалото Ибни Омер, на север маалото Топхане, а на исток маалото Хазендар Исмаил. Од плоштадот Македонија биле оддалечени 1300 метри североно.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалата биле муслимански, со 52 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 92 мажи муслимани, со 18 новороденчиња. Исто така имало и 37 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Тука живееле и само 6 христијански домаќинства, со 8 мажи христијани, без новороденчиња.[1] Се проценува дека двете маала заедно во тој период имале 310 жители.[2]

Сегашност

уреди

Денес тука се наоѓа џамијата „Иса Бег”. Целата околина и денес е под куќи, а улиците коишто се наоѓаат тука се наречени „Кримска” , „Исмаил Кадаре” и „7 Јули”.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.