Хаџи Јонус (турски: Hacı Yunus) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Маалото се наоѓало на крајниот североисточен дел на тогашното Скопје. Западно од него бие муслиманските гробишта на ридот Гази Баба, како и турбето Гази Баба. На југ биле маалата Капуџи Хамза и Хатунџиклер, додека пак на север биле маалата Ќатиб Шахин и Дубаг Шахин. Иако маалото зафаќало голема површина, тоа немало многу жители. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1600 метри североисточно.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 47 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 108 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Исто така имало и 6 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Биле забележани и само 2 христијански[1] домаќинства, со 4 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 268 жители.[2]

Сегашност

уреди

Денес овој дел на Скопје има густо збиени куќи и тука се наоѓаат ОУ „Лирија” и прифатниот центар за азиланти „Гази Баба”.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.