Хаџи Балабан
Местоположба
уредиМаалото се протегало западно од амбасадата на Репубилка Турција, и северно од „Музеј на Македонија”. Од плоштадот Македонија било оддалечено 880 метри северно.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 21 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 36 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Исто така имало и 24 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Во ова маало биле забележани и две христијански домаќинства[1]. Се проценува дека маалото во тој период имало 136 жители.[2]
Сегашност
уредиДенес ова маало е дел од населбата Дуќанџик и во него се наоѓа ОУ „Јашар Беј”.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.