Хоџа Шемс
Хоџа Шемс (турски: Hoca Şems) — поранешно скопско маало.
Хоџа Шемс | |
---|---|
Маало | |
Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година. | |
Координати: 42°00′07″N 21°26′20″E / 42.00194° СГШ; 21.43889° ИГД | |
Држава | Македонија |
Општина | Денес тоа е во Чаир |
Местоположба
уредиМаалото се протегало источно од Скопската чаршија и јужно од Бит-пазар. На југ се наоѓало маалото Ине Бег, а на запад Мурадије. Од плоштадот „Македонија“ било оддалечено 800 метри североисточно.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 11 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 29 мажи муслимани, со 8 новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 74 жители.[1]
Сегашност
уредиДенес, некогашното скопско маало е пресечено со булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Тука се наоѓа автобуската станица према Центар, Бит-Пазар 4, аптеката „Зегин“, хотелите „Хамбург“, „Арка“, „Султан“, „Голд“, како и различни продавници.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.