Хаџи Таџедин
Местоположба
уредиМаалото се протегало северно од основниот кривичен суд-Скопје. На југ од него било маалото Ибни Коџаџик, на север маалата Мурадије, Џами Атик и Хаџи Касим, а на исток маалото Кебир Мехмед Челеби. Од плоштадот Македонија било оддалечено 860 метри североисточно.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 77 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Исто така имало и 12 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 182 жители.[1]
Сегашност
уредиДенес целото маало е во рамките на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.