Капуџи Хамза
Местоположба
уредиМаалото се наоѓало јужно од Хаџи Јонус и северно од Уруч Паша, на крајниот западен дел од тогашното Скопје, покрај муслиманските гробишта на Гази Баба. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1500 метри североисточно.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 80 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 134 мажи муслимани, со 26 новороденчиња. Исто така имало и 22 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Имало и само едно христијанско[1] домаќинство, без новороденчиња. Се проценува дека маалото во тој период имало 368 жители.[2]
Сегашност
уредиДенес на местото на маалото има многу густо збиени куќи и тука поминува улицата „7 Албанска Бригада”.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.