Хаџи Мудидин
Местоположба
уредиМаалото се наоѓало источно од маалото Џедид Иса-Бег, на десната страна од некогашното корито на реката Серава.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 33 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 64 мажи муслимани, со 19 новороденчиња. Исто така имало и 19 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 204 жители.[1]
Сегашност
уредиДенес низ маалото поминува улицата „Серава” и има околу 80 куќи. Сите куќи се густо збиени една до друга.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.