Бара (село)

историско село во денешна Општина Арачиново, Скопско

Бара — историско село во Скопско, денес на територијата на Општина Арачиново.

Бара
Бара во рамките на Македонија
Бара
Местоположба на Бара во Македонија
Бара на карта

Карта

Координати 42°03′30″N 21°34′05″E / 42.05833° СГШ; 21.56806° ИГД / 42.05833; 21.56806
Регион  Скопски
Општина Арачиново
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 784 м

Географија и местоположба

уреди

Селото било сместено на северните падини на Скопска Црна Гора, денес во атарот на с. Мојанци. Местото лежи на надморска височина од 784 м недалеку од атарската граница со с. Никуштак во кумановската Општина Липково.

Историја

уреди

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 30 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 92 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 198 жители.[2]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Бара имала 120 жители, сите Арнаути[3] муслимани.[4]

Во 1913 година, селото биле заведено како напуштено. Било дел од Општина Брњарци.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Баре (Bare) како албанско село.[5]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  3. Албанците биле забележани под терминот Арнаути.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 208. ISBN 954430424X.
  5. Jena, Leonhard Schultze. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927

Надворешни врски

уреди