Исмаил Војвода (турски: İsmail Voyvoda) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Маалото се наоѓало во средишниот дел на тогашното Скопје. Јужно од него било маалото Хаџи Касим, на запад Џами Атик, а на север било маалото Кара Капуџу. Од Камениот мост било оддалечено 920 метри.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 27 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 63 мажи муслимани, со 5 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 142 жители.[1]

Сегашност

уреди

Денес ова маало е наполно урбанизирано и во неговите граници се наоѓа ОУ „Битолски Конгрес“ .

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.