Гази Ментеш или Ромско маало (турски: Gâzi Menteş) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Ова маало било едно од неколкуте коишто се наоѓале од десната страна на реката Вардар во тоа време. Се простирало од денешниот плоштад до старата железничка станица. Веднаш источно до него било Влашкото маало. Кон ова маало директно водел Камениот мост.

Историја уреди

Во ово маало имало голем број ромски куќи, слични со оние што биле во Топаана. На крајот на ова маало се наоѓал познатиот хотел “Турати”. Во првите децении на првата половина на 20 век се појавила промена на националниот состав на ова маало.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било мешано со христијанско и муслиманско население. Имено, имало 50 христијански и 43 муслимански домаќинства. Биле забележани 107 мажи христијани со 11 новороденче и 79 мажи муслимани со 19 новороденчиња. Освен тоа, биле забележани 14 мажи муслимани коишто скоро се доселиле во маалото. Се проценува дека во тој период маалото имало 460 жители, што го правело да биде едно од поголемите во градот. [1][2]

 
Површината на маалото во 1938 година.

Михајло ја започнал изградбата, а куќата ја лоцирал во центарот на градот (денес во неа е сместена Италјанската амбасада). Куќата е градена во романско-бојарски стил со посебна карактеристична кула. Куќата и денес претставува посебно архитектонско обележје на градот.

Централниот градски регион во периодот по Првата светска војна со новиот регулационен план бил поделен на станични и гимназиски реони. Во овие региони биле изградени најубавите и најрепрезентативните градби во градот. Биле изградени и најубавите приватни куќи.

Улицата „Крал Петар“ била пресечена од турските власти во 1911 год. за минување на султанот Мехмед Рашид. Оваа улица го поврзувала плоштадот со Железничката станица и во неа се наоѓале најголем број на хотели, дуќани, кафеани.

Со пробивањето на европската модерна архитектура во Скопје почнале да се градат многу модерни градби.

Ристиќевата палата била изградена на самиот плоштад во 1925-26 год., а околу неа биле палатите на Икономови и Настеви.[3]

Сегашност уреди

 
Влезот кон некогашното маало, од страната на Ибни Пајко, денес.

Денес површината на ова некогашно маало, практично се смета за строг центар на модерно Скопје. Од некогаш сиромашно земјоделски лик, низ историјата има претрпено неколку пати трансформација. Првата била до пред Втора светска војна, другата била по скопскиот земјотрес, а дефинитивно најразличен лик има добиено со реализацијата на проектот Скопје 2014. Тука поминува улицата “Македонија”, покрај која има многу угостителски објекти. Еден дел сѐ уште има резидентно население.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
  3. „Животот во Скопје: Kој во кои маала живеел, што се работело, како се градело?“.