Исакие
Местоположба
уредиМаалото се протегало северно од Бит-пазар. Од плоштадот Македонија било оддалечено 1100 метри североисточно.
Историја
уредиСпоред опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 23 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 55 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 130 жители.[1]
Сегашност
уредиНиз северниот дел на некогашното маало поминува булеварот „Никола Карев”. Во неговите граници се наоѓа Алаџа-џамијата и полициска станица „Бит Пазар”.
Наводи
уреди- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.