Кебир Мехмед Челеби

Кебир Мехмед Челеби (турски: Kebir Mehmed Çelebi) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Ова некогашно големо скопско маало се протегало од левата страна на реката Вардар. Западно од него се наоѓале маалота Ибни Коџаџик и Хаџи Таџедин, северно било маалото Хаџи Касим, додека пак источно биле маалата Искендер Гази и Хаџи Лала. Од Камениот мост било оддалечено само 700 метри.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со неколку христијански домаќинства. Имало 85 муслимански и 7 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 175 мажи муслимани, со 18 новороденчиња, како и 11 мажи христијани со едно новороденче. Исто така имало и 34 мажи муслимани и 6 мажи христијани, коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 490 жители, што го правело едно од поголемите скопски маала.[1][2]

 
Минаре - Џамија Кебир Мехмед Челеби

Во рамките на маалото се наоѓала и истоимената џамија.

Сегашност

уреди

Денес голем дел од ова маало е урбанизирано, а единствен остаток од некогашното маало е џамијата Кебир Мехмед Челеби. Други институции коишто се наоѓаат тука денес се: МАНУ, МКЦ, МРТ, МВР (одделение за управни работи), како и дел од Филозофски Факултет.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.