Хараџи Салахедин
Хараџи Салахедин или Влашко маало (турски: Haracı Selahaddin) — старо скопско маало.
Местоположба
уредиОва маало било едно од неколкуте коишто се наоѓале од десната страна на реката Вардар во тоа време. Се простирало од денешниот плоштад до Жена Парк. На исток се наоѓало Ново маало, додека пак на запад било маалото Гази Ментеш. Јужно од него биле муслиманските гробишта наречени „Каршијака“.
Историја
уредиПо името, се претпоставува дека основачи биле Власи. За прв доселеник Влав во Скопје се смета ковачот Христо, кој изградил куќа на местото Виранлак. По него се доселил ковачот Филип кој изградил куќа и дуќан. Постепено во Скопје почнал да се формира првиот Влашки сокак каде покасно била изградена црквата „Свети Константин и Елена“.[1]
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било претежно христијанско, со 128 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 286 мажи христијани, со 40 новороденчиња. Исто така имало и 11 мажи христијани коишто тазе се доселиле со своите семејства во маалото. Исто така имало и 7 муслимански домаќинства со 11 мажи муслимани, 4 новороденчиња и 10 мажи муслимани скоро доселени. Се проценува дека маалото во тој период имало 724 жители и било второ по големина [2][3]
По катастрофалниот земјотрес од 1963 година, маалото е зналително оштетено и целосно се руши, при што убрзано се урбанизира.
Сегашност
уредиДенес на местото од ова некогашно маало се простира ГТЦ, зградата на ЕВН, Портата „Макеоднија“ и Жена Парк.
Наводи
уреди- ↑ „Животот во Скопје: Kој во кои маала живеел, што се работело, како се градело?“.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.