Хаџи Хајредин (турски: Hacı Hayreddin) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Ова маало било најсеверозападното маало на тогашно Скопје и целиот негов северен дел допрва било во план да се урбанизира. На југ од него се наоѓале маалата: Топхане, Мухидин Челеби и Касим Гази. Од Камениот мост било оддалечено еден и пол километар.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 19 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 31 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Исто така имало и 3 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 82 жители.[1]

Сегашност

уреди

Ова некогашно маало и денес има куќи, но е делумно и урбанизирано. Допира до улицата „Џон Кенеди“. Во неговите граници се наоѓа и О.У. „Адем Јашари“. Главна улица која минува низ маалото е „Пере Тошев“.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.