Наово

поранешно село во Скопско, на територијата на Идризово


Наово (или Навово) — историско село во атарот на с. Идризово територијата на денешна Општина Гази Баба, во југоисточниот дел на Скопскиот Регион. Денес местото се наоѓа близу границите на општините Гази Баба, Кисела Вода и Аеродром. На местото на селото денес има ниви.

Наово
Навово
Наово во рамките на Македонија
Наово
Местоположба на Наово во Македонија
Наово на карта

Карта

Координати 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000Координати: 41°56′18.96″N 21°34′45.84″E / 41.9386000° СГШ; 21.5794000° ИГД / 41.9386000; 21.5794000
Регион Скопски
Општина Гази Баба
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 222 м
Наово на општинската карта

Атарот на Наово во рамките на општината
Наово на Ризницата

Географија уреди

Селото се наоѓало во областа Скопска Блатија, североисточно од Скопје. Најблиски населени места се Огњанци (на 2 км) и Петровец.

Историја уреди

XIX век уреди

Во XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Навово живеат 50 Македонци-христијани.[2][3]

XX век уреди

Во 1905 г. според Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) Наово (Naovo) има 32 Македонци и 6 Роми.[2][4] По Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија, како и остатокот од територијата на денешна Република Македонија.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Навово (Navovo) како село со нејасен етнички состав.[5]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. К’нчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 207
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 114-115.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927