Ине Бег (турски: İnebey) — старо скопско маало.

     Местоположба на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба

уреди

Маалото се протегало југоисточно од Скопската чаршија. На север се наоѓало маалото Хоџа Шемс, додека пак на исток Мурадије. На југ граничело со маалото Ибни Пајко. Од плоштадот Македонија било оддалечено 600 метри североисточно.

Историја

уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било со мешано христијанско и муслиманско население. Имало 17 муслимански[1] и 4 христијански[2] домаќинства. Вкупно биле забележани 53 мажи муслимани со 4 новороденчиња и 18 мажи христијани со едно новоеоденче. Се проценува дека маалото во тој период имало 152 жители.

Сегашност

уреди

Низ западниот дел од маалото се имаат отворено нови ресторани како продолжеток од чаршијата, во средишниот дел има паркинг простор и има останато по некоја куќа.

Наводи

уреди
  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
  2. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.