Хазнедар Исмаил (турски: Haznedâr İsmail) — старо скопско маало.

     Позиција на маалото во рамките на Скопје во 1899 година.

Местоположба уреди

Маалото се наоѓало веднаш до Јахја-Пашината џамија. Јужно од него било маалото Исакие, западно биле маалата Ибни Омер и Џедид Исабег, на север од него било Топхане, додека на исток (каде што и се наѓала Јахја-пашината џамија) било маалото Хаџи Гази. Од чаршијата било оддалечено само 400 метри северно. Маалото било поделено на пола од реката Серава.

Историја уреди

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалото било муслиманско, со 25 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 44 мажи муслимани, со 6 новороденчиња. Исто така имало и 4 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Се проценува дека маалото во тој период имало 108 жители.[1]

Сегашност уреди

Денес маалото е со густо збиени куќи, коишто припаѓаат во општина Чаир, а главна улица е „Серава“.

Наводи уреди

  1. Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.