Виниче
Виниче — село во Скопско, во состав на Општина Гази Баба.
Виниче | |
Координати 42°3′2″N 21°30′34″E / 42.05056° СГШ; 21.50944° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Гази Баба |
Население | 354 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25024 |
Надм. вис. | 611 м |
Слава | Илинден |
Виниче на општинската карта Атарот на Виниче во рамките на општината | |
Виниче на Ризницата |
Географија
уредиСелото се наоѓа во областа Црногорија, североисточно од Скопје, во подножјето на Скопска Црна Гора, на еден километар источно од с. Црешево.
Историја
уредиСтар век
уредиНајраните наоди кои сведочат за населеноста на Виниче датираат од доцната антика и се претставени со два археолошки наоѓалишта: тврдината Градиште и гробницата кај месноста Огради.
XIX век
уредиВо XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 18 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 74 мажи христијани, со 2 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 152 жители.[2]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Виниче живеат 65 Македонци-христијани.[3][4]
XX век
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото потпаѓа под власта на Србија.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го укажува Винче (Vinče) како село со нејасен етнички состав.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 354 жители, од кои 336 Македонци, 4 Срби, 7 останати и 7 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 65 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 354 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиВиниче е македонско село, населено во целост со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед.
Според истражувањата од 1963 година, родови кои живеат во Виниче се:
- Доселеници: Трајковци (3 к.) доселени се од некое село во Овче Поле. Го знаат следното родословие: Трајан (жив на 62 г. во 1963 година) Панче-Зафир-Трајко, основачот на родот кој се доселил; Младеновци или Бичкаџии (4 к.) основачот на родот е доселен како ѕидар од некое село во Порече; Шаневци (2 к.) доселени се од претежно албанското село Страчинци; Караџовци (2 к.), Анѓелевци (7 к.), Велковци (2 к.), Цветковци (4 к.) и Лунџовци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[11], а последниот род Лунџовци можно е да водат потекло од скопското село Блаце каде постои истоимен род.
Во селото имало само еден староседелски род, Илиевци (2 к.), исто така познати како Гоџовци, кои биле доселени од некое место погоре во Скопска Црна Гора или од Кумановско, основачот на родот бил некој Илија. Денес родот е практично иселен во блиското село Стајковци.
Култура
уредиИмето на селото го носи ликовната манифестација „Виниче“ со културна програма околу црковниот комплекс „Св. Илија“.[12]
Знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[13]
- Градиште - кастел од доцноантичкото време;
- Калуѓеров Камен;
- Огради - некропола од доцноантичкото време.
- Цркви[14]
- Црква „Св. Илија“ — главна селска и манастирска црква;
Иселеништво
уредиИселеништвото воглавно се одвивало кон Скопје. Таму целосно се иселиле Нерабовци, Стаматковци, и др. Потоа има иселеници во соседното село Стајковци (Шаневи, Анџини, Младеновци, Караџовци, Алтиовци, Дељовци, Дрнговци и Шеровци), Драчево (Десковци).[11]
Личности
уреди- Стојанче Костоски — виртоуз на кавал[15]
- Лила Филиповска — македонска водителка, потекнува од Виниче.
Галерија
уреди-
Влезот на селото Виниче
-
Поглед на најдолните куќи во Виниче
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Канчов, В. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 206
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 11,0 11,1 Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља скопске котлине. Скопје.
- ↑ „Се одржа ликовната манифестација „Виниче 2014"“. Општина Гази Баба. 27 мај 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 28 јуни 2014.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Странците се луди по моите инструменти и музика[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Роднокрајски записи[мртва врска] - репортажа за Виниче