Јазирци

историско село во денешна Општина Бутел

Јазирци — историско село, сместено високо на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Селото Јазирци се наоѓало на планината Скопска Црна Гора северно и над селата Раштак, Љуботен и Љубанци. Денес низ месноста тече Јазирска Река, а атарот е поделен меѓу Радишани и Љуботен во денешна Општина Бутел.

Јазирци
Јазирци во рамките на Македонија
Јазирци
Местоположба на Јазирци во Македонија
Јазирци на интерактивна карта

Карта

Координати 42°5′8″N 21°26′49″E / 42.08556° СГШ; 21.44694° ИГД / 42.08556; 21.44694Координати: 42°5′8″N 21°26′49″E / 42.08556° СГШ; 21.44694° ИГД / 42.08556; 21.44694
Регион Скопски
Општина  Бутел
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Јазирци на општинската карта

Атарот на Јазирци во рамките на општината
Јазирци на Ризницата

Историја Уреди

Во пишаните историски документи за селото Јазирци се среќава запис во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото Јазирце е запишано дека во него живееле со 34 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, ’рж, просо, граор, бостан, лен, овошје, одгледувале лозја, чувале свињи и пчели и работела една воденица и овошен расадник за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 5473 акчиња[2]. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Јазирци имало 65 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 71 христијански семејства[2]

Иако низ историјата селото било македонско, во поновиот период во него се населиле Албанци на кои тоа им станало главно упориште од каде вршеле многу грабежи и насилства над остантите села, особено на Раштак, заради што самото село Јазирци било уништено во 1912 г. за време на Балканските војни.

Кон крајот на XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 г. во селото веќе живееле 145 Арнаути муслимани.[3]

Иако веќе било уништено, на етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Јазирце (Jazirce) како албанско село.[4] Истото го потврдува и Афанасиј Селишчев во 1929 г.[5]

Поврзано Уреди

Културно-историска оставнина Уреди

  • Јазирци — осамен наод од римското време. Во непосредната близина на селото, во 1957 година е откриена надгробна стела со латински натпис. Се чува во лапидариумот на Музејот на Македонија во Скопје

Наводи Уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 196.
  3. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 206
  4. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  5. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.

Надворешни врски Уреди